Скопје денеска е домаќин на 26. состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија. Во фокусот на разговорите се улогата на локалните власти во пристапувањето кон ЕУ и јавните набавки.
Вести
-
Македонија 04.11.2026 10:01
-
Македонија 04.11.2026 09:47
Собраниските комисии расправаат за измените на медиумските и пензиските закони
Во Собранието денеска продолжува работата на повеќе комисии, кои ќе разгледуваат предлог-закони од областа на медиумите, социјалната политика, пензиското осигурување, земјоделството и други области.
-
Македонија 04.11.2026 09:20
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 04.11.2026 08:55
Европската комисија денеска го претставува Пакетот за проширување за 2026 година
Европската комисија денеска ќе го објави годишниот извештај за напредокот на десетте земји-кандидати за членство во Европската унија. Документот ќе ги оцени реформите во владеењето на правото, демократијата и економијата, а ќе ги содржи и препораките за натамошниот процес на пристапување.
-
Свет 04.11.2026 08:24
Тежок пораз за Трамп: Демократите ја презедоа контролата врз двата дома на американскиот Конгрес
Демократите ја презедоа контролата врз двата дома на американскиот Конгрес, откако Републиканската партија на претседателот Доналд Трамп ги загуби мнозинствата и во Претставничкиот дом и во Сенатот, пренесуваат американските медиуми.
-
Македонија 04.11.2026 08:06
Стабилно и суво со променлива облачност
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
-
Свет 03.11.2026 20:51
Отворена стечјна постапка за Алта банка Белград
Трговскиот суд во Белград денеска отвори стечајна постапка за Алта банка Белград. Агенцијата за осигурување на депозити соопшти дека до 6 ноември ќе објави информации за датумот на почеток на исплатата на осигурените износи.
-
Култура 03.11.2026 20:23
Македонското „Trio in Medias Res“ со концерт во Истанбул
Македонското камерено трио „Trio in Medias Res“ ќе одржи концерт на 4 ноември 2026 година, со почеток во 19 часот, во катедралата „Сурп Левон“ во Кадикој, Истанбул.
-
Македонија 03.11.2026 19:53
Нов случај на морбили - расте опасноста од ширење на заразата
Едно и полгодишно дете од Скопје е заразено од морбили. Не било вакцинирано, а се инфицирало во земјава. Ова е нов, петти случај. Првичните информации укажуваат дека вчерашните случаи и бебето од Косово се епидемиолошки поврзани. Имале контакт во болница.
-
Свет 03.11.2026 19:46
Хакери нападнаа фрижидери низ цела Европа, властите со повик до компаниите да ја зајакнат сајбер-заштитата
Хакерите веќе не напаѓаат само банки и болници. Сега целат директно во фрижидерите. Во Италија, нападите врз супермаркети предизвикаа итен состанок на државните служби. Напади беа пријавени во шест продавници на Сицилија, во Тоскана и Емилија-Ромања.










