Преговори на маса за комплетирање на владиниот кабинет по реконструкцијата, детали не се откриваат. Движењето ЗНАМ очекува со нивен кадар да се пополни уште една испразнета заменичка функција. Партискиот лидер Димитриевски најави дека функцијата ќе биде дефинирана до крајот на октомври.
Вести
-
Македонија 19.09.2026 19:34
-
Свет 19.09.2026 19:03
САД и Данска постигнаа договор за зајакнување на американското воено присуство во Гренланд
По неколкумесечните закани за преземање на Гренланд, Трамп објави дека САД постигнале договор со Данска за зајакнување на американското воено присуство на островот. Тврди дека договорот им дава на САД „трајна контрола врз безбедноста“ на Гренланд.
-
Свет 19.09.2026 18:39
Нови санкции за Русија од Вашингтон
Американскиот претседател Трамп потпиша закон за нови санкции против Русија, со царини до 100 насто за земји што купуваат руска нафта и гас, како и санкции за руски функционери, банки и енергетски компании.
-
Македонија 19.09.2026 18:03
Ракот не избира, превенцијата и раната дијагноза можат да спасат живот
Ракот не избира ни возраст, ни професија, ни животна приказна. Но, она што може да направи разлика е навременото откривање. Го менува секојдневието, но не смее да ја одземе надежта.
-
Македонија 19.09.2026 17:36
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за рудникот, дата-центрите и економските политики
Проектот за антимон во Крстов Дол, во близина на кривопаланечкото село Луке, ќе добие американски грант од пет милиони долари за натамошен развој. За проектот, владата од Вашингтон најави дека разговара со претставници на Американската финансиска корпорација.
-
Македонија 19.09.2026 16:57
Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи
Шест лица се опфатени со обвинителниот предлог за фалсификување на возачки дозволи. Меѓу нив е и вработена во МВР, која според обвинителството од септември 2020 до август 2026 година во повеќе наврати преправала возачки дозволи и впишувала дополнителни категории.
-
Свет 19.09.2026 16:29
Целосен колапс на националната електроенергетска мрежа во Куба
Цела Куба повторно без струја по целосен колапс на националната електроенергетска мрежа. Долготрајните прекини сериозно влијаат врз водоснабдувањето, болниците, производството на храна и јавниот превоз.
-
Македонија 19.09.2026 15:39
Мицкоски: Нема повлекување од разговорите со Бугарија
Премиерот Мицкоски ги отфрли идеите за повлекување од меѓународните договори и преговори со Бугарија. Вели Владата ќе бара решение со посредство на Европската Унија. Во интервју за МИА од Вашингтон посочува, еднострано напуштање на веќе преземените меѓународни обврски не е реална опција.
-
Македонија 19.09.2026 14:51
„Знам – за наша Македонија“ со јавен отчет за две години работа
Движењето „Знам – за наша Македонија“ денес во Скопје ќе го одржи јавниот отчет на избраните и именувани функционери за нивната работа во изминатите две години. Ќе биде претставена и публикацијата со наслов – две години работа.
Две години резултати. Една љубов – Македонија.
-
Македонија 19.09.2026 14:25
„Помош и нега во домот“ и во Могила
Седумдесет и четиригодишната Цветанка Мрмачовска повеќе од десет години живее сама. Иако е подвижна и делумно работите може да ги извршува и сама, сепак вели осаменоста е тешка работа и на овие години има потреба од некој до неа.










