Почнува откупот на тутунот од годинашнава реколта, но со калкулации. Од 10-те откупувачи само две компании отворија неколку пунктови во земјава. Тутунарите претпазливи и сакаат повисоки цени.
Известува Елизабета Митреска.
Почнува откупот на тутунот од годинашнава реколта, но со калкулации. Од 10-те откупувачи само две компании отворија неколку пунктови во земјава. Тутунарите претпазливи и сакаат повисоки цени.
Известува Елизабета Митреска.
Прво ќе се ревидира проектот па ќе продолжи градбата на пругата кон Бугарија – вели министерот Николоски. Од бизнис заедницата со апел неопходно е подобрување на железничката инфраструктура за превоз на стоки.
Известува Александра Велинова.
Од ноември здравствените работници ќе добиваат повисоки плати за 10 насто. Во следните четири години покачувањето ќе биде континуирано. Синдикатот и Владата ставија потпис на договорот.
Изјавата на косовскиот премиер Курти дека албанскиот јазик не е под закана во Македонија, предизвика бурни реакции кај ДУИ. Ја осудија и ја оценија како скандалозна и штетна.
1.000 дена војната во Украина беснее со несмалено темпо – со руски бомбардирања пред зори и нови надежи за крај на кошмарот и конечен мир.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска од Северна Македонија за следен заменик генерален секретар.
Постигнат е историски договор, вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните четири години, најави премиерот Христијан Мицкоски.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер се обрати на свеченото одбележување на Меѓународниот ден на студентите, што во организација на Младинскиот образовен форум во соработка со Канцеларијата за регионална младинска соработка (РИКО) и Универзитетското студентско собрание – УКИМ, се
Зголемување на соработката, размена на искуства за европската интеграција, поддршка на граѓанското општество, прашања поврзани со јакнењето на демократијата и владеењето на правото.
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој нуклеарното оружје останува последната линија на одбраната.