Со сослушување сведоци, продолжува судењето за двојното убиство на малата Вања и велешанецот Панче. На завчерашното судење, одбраната на Палевски, првоосомничен во случајот, тврдеше дека тој не бегал од државата, бидејќи легално заминал прво во Белград, а потоа и во Турција.
Вести
-
Македонија 15.11.2024 08:08
-
Македонија 15.11.2024 08:07
Седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за социјална политика, демографија и млади.
-
Економија 15.11.2024 08:03
Мали ниви - мали производители
Македонија има голем број земјоделци кои обработуваат мали површини.
Расцепканоста на парцелите е проблем за поголемо производство и помали трошоци.
Ситните стопанства мораат самите да се организираат и да работат со однапред договорено производство, советуваат експертите.
-
Македонија 15.11.2024 08:02
Променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во југозападните делови со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.
-
Македонија 15.11.2024 08:00
Од денеска задолжително поседување зимска опрема
Од денеска до 15 март возачите во возилата што учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, информираат од МВР.
-
Македонија 14.11.2024 20:35
Македонските специјалци со специјалците од шест сојузници и земја - партнер ги развиваат своите способности на Криволак
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на „Криволак“ ги посети припадниците на Баталјонот за специјални сили кои на најголемиот армиски полигон заедно со специјалците од Албанија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Романија, Турција и Босна и Херцеговина ја реализираат вежбата „Wise wolf 2024“
-
Македонија 14.11.2024 20:12
Николовски: Поголема контрола на Блаце, во радар брзите пошти
Царинската управа воспоставува засилена контрола на граничен премин Блаце се со цел спречување обиди за криумчарење на поштенски пратки. Ова беше истакнато на денешниот состанок на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски со генералниот директор на АД Пошта, Орхан Куртиши.
-
Македонија 14.11.2024 19:54
Претрес во Скопје, пронајдени дрога, куршуми
Вчера во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(23) од с. Батинци, скопско.
-
Економија 14.11.2024 19:42
АД ЕСМ и СОКАР потпишаа Меморандум за разбирање
Акционерското друштво за производство на електрична енергија ЕСМ и државната компанија СОКАР од Република Азербејџан потпишаа Меморандум за разбирање со цел зајакнување на енергетската стабилност во земјава.
-
Македонија 14.11.2024 19:28
Македонија и Азербејџан ја продлабочуваат енергетската соработка
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како дел од официјалната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска- Давкова на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, присуствуваше на средбата со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.










