Во пол ек претседателската кампања во САД. Ставовите за абортусот во фокусот. Демократите поддржуваат, републиканците со ограничување по ова прашање.
Игор Стефановски известува од „Гласот на Америка“.
Во пол ек претседателската кампања во САД. Ставовите за абортусот во фокусот. Демократите поддржуваат, републиканците со ограничување по ова прашање.
Игор Стефановски известува од „Гласот на Америка“.
Тешка битка со пожарите во Малешевијата. Пламените јазици ги опустошија боровите шуми во Пехчево. Огнот со хеликоптери се гаснеше од воздух за да се заштитат куќите и населените места. Најкритично беше во Негрево. Помагаа и екипи од други градови и доброволци. Градот е спасен.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска во просториите на министерството оствари работна средба со Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Анџела Агелер.
Владата ја усвои информацијата на Министерството за локална самоуправа за конкретни активности за финансирање на капитални проекти во општините, за кои владата согласно својата програма има план да инвестира 250 милиони евра.
Денеска, делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од министерот Панче Тошковски оствари билатерална средба со делегација на Министерството за внатрешни работи на Косово, предводена од министерот Џелал Свечла.
Најавата за формирање Академија на науките и уметностите на Албанците ги разбранува духовите во владината коалиција. Од „Вреди“ не се откажуваат – тврдат дека во МАНУ нема вработено ниту еден етнички Албанец и оти наводно, втората по голема етничка заедница била исклучена од оваа институција.
Македонија повторно бара екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, осудени на доживотен затвор во случајот „Монструм“ за тероризам. По шест години, надлежните почнаа нова постапка откако претходно, во два наврата барањето беше одбиено.
Пожарот кај село Орел – светиниколско, откако беше ставен под контрола, повторно се распламти, а под закана од оган денес беа и селата Долно и Горно Ѓуѓанци, Строиманци, Ранченци, Ерџелија, Немањици и Малино. Стевчо Крстев од Свети Николе во село Ранченци има фарма.
Од голем интерес за Царинската управа е проектите поддржани од ИПА фондовите успешно да се имплементираат и да завршат во предвидените рокови, како би се испорачале видливи резултати во интерес на македонското стопанство и граѓаните, истакна директорот Бобан Николовски на денешната работна средба
„Јас не се откажувам и од распуштање на Судскиот совет како реформа и од распуштањето на Советот на јавни обвинители, чекам предлози, очајно молам за предлози за да не биде довербата кај граѓаните 2 проценти во правосудството, да не бидат криминалци чесни граѓани, а чесните граѓани да бидат крими