Јапонскиот амбасадор Оцука Казуја денеска ќе го посети Собранието. Како што информираат од собраниската прес-служба, јапонскиот амбасадор ќе оствари средба со претседателот на Собранието Африм Гаши.
Потоа, Гаши ќе се сретне со претставници на ДЦАФ.
Јапонскиот амбасадор Оцука Казуја денеска ќе го посети Собранието. Како што информираат од собраниската прес-служба, јапонскиот амбасадор ќе оствари средба со претседателот на Собранието Африм Гаши.
Потоа, Гаши ќе се сретне со претставници на ДЦАФ.
Формиран е регионален кризен штаб за пожарите во државата со седиште во Кавадарци. Со кризниот штаб ќе координира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Ова е одлуката што синоќа била донесена на координативен состанок за пожарите, одржан во Неготино.
Денеска ќе се одржи четвртата средба на шефовите на држави или влади на членките на Европската политичка заедница. Самитот ќе се одржи во замокот Бленхајм во близина на британскиот град Вудсток во грофовијата Оксфорд.
Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје вечерва во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата на дигитални слики „Алегории“ од Игор Поп Трајков.
Поради активен пожар на регионалниот пат Р1103 Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правца, информира АМСМ.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 24 пожари на отворено, од кои активни утрово се 13.
Целиот Балкан и делови од Источна Европа се под влијание на топлотниот бран. Екстремно високи температури се регистрирани во Романија, Србија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, како и во земјава.
Во Собранието денеска се очекува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците да ја продолжи втората седница.
Во регионите на Атика, Пелопонез и Крит, како и во областите на централна Грција, северен Егеј, западна Грција, и Тракија прогласен многу висок ризик од пожари.
Официјални лица во Венецуела го уапсија шефот на обезбедувањето на опозициската лидерка во земјата, нешто повеќе од една недела пред изборите.