На 02.04.2026 во 17:48 часот во ОВР Берово е пријавено дека на регионалниот пат Берово - с.Дабиље, на место викано „Ширината“, во атар на Берово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.А.(37) од Берово и патничко возило „шкода“
Вести
-
Македонија 03.04.2026 14:33
-
Македонија 03.04.2026 14:10
Охридскиот кардиолошки центар воведе нова метода за лекување
Со воведувањето на методата „Механичка ротациона атеректомија“ Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ од Охрид е првата здравствена установа во земјава што ја користи во третманот на специфични промени на периферните артерии.
-
Македонија 03.04.2026 13:45
Пролетниот мраз-закана за овошките
Овошките на удар на климатските промени и годинава поради променливите температури. Засега нема штети, но неизвесноста е тука и не се знае дали мразот ќе ги поштеди или ќе ги изеде. Најчувствителни кајсијата, праските и бадемите, малку поотпорни се црешите.
-
Македонија 03.04.2026 13:39
Тридневен социо-здравствен саем
Недостиг на лекови и помагала, долги листи на чекање – ова вообичаено се најчестите поплаки на пациентите. За тоа, како да се променат работите се разговараше во Охрид, каде почна тридневен социо-здравствен саем, настан што ги обединува лекарите, институциите и граѓаните.
-
Економија 03.04.2026 13:31
Неопходна потреба од консолидација на земјиштето
Инфлацијата притиска кај основните прехранбени производи. Македонија мора да го зголеми производството. Чекор кон исполнување на таа цел е консолидацијата на земјиштето. За ова се разговараше во Стопанската комора на Македонија.Борис Грујоски известува. -
Македонија 03.04.2026 13:30
Соработка за иновации во образованието
Агенцијата за иновации, научно – технолошки развој и претприемништво се поврзува со државните универзитети. Соработката треба да резултира со подобри резултати и развој на образованието.
Викторија Милевска го следеше настанот што се одржа во Владата.
-
Македонија 03.04.2026 13:29
Следното пребројување на населението по електронски пат
Се подготвува статистички регистар на населението. Од Државниот завод објаснуваат дека целта е да се овозможи земјава следниот попис да го спроведе по електронски пат.Андријана Ѓурческа известува. -
Македонија 03.04.2026 13:20
Намален бројот на приговори до судот
Повеќе прекршоци, помалку приговори до Кривичниот суд. Ова го покажуваат податоците за март за функционирањето на системот „Безбеден град“. За разлика од февруари, бројот на прекршоци е повисок за цели 37 проценти.
Ана Јосифоска известува.
-
Македонија 03.04.2026 13:13
Истрага за дистрибуција на детска порнографија
Случајот за дистрибуција на детска порнографија е во фокус на јавноста по координираната акција на МВР и Обвинителството, која се спроведува на повеќе локации во Скопје и други градови.
-
Свет 03.04.2026 12:22
Трамп ја разреши државната обвинителка Бонди
Американскиот претседател Трамп ја разреши државната обвинителка Пам Бонди, долгогодишна сојузничка и жестока бранителка на неговата администрација, која ќе премине во приватниот сектор, а ќе ја замени нејзиниот поранешен заменик Тод Бланш.










