Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија- Европска Унија, по подолго време ќе се одржи денес и утре во Европскиот Парламент во Стразбур.
Вести
-
Македонија 07.02.2018 12:50
-
Македонија 07.02.2018 12:40
Оптимизам и подготвеност за решение на прашањето за името
Владата не открива повеќе детали по вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека се подготвени за име со географска одредница. Остануваат дискретни по прашањето за да не му наштетат на преговарачкиот процес.
-
Македонија 07.02.2018 12:18
Таблите со новите имиња на аеродромот и автопатот по објавување во „Службен весник“
Постапката за преименување на автопатот „Александар Македонски“ на Коридорот 10 и на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе почне по објавување на владината одлука во „Службен весник“.
-
Свет 07.02.2018 11:51
Германија: Постигнат договор за коалициска влада
Централно- левичарските Социјалдемократи на Германија постигнаа договор за коалициска влада со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел.
-
Свет 07.02.2018 11:25
Асанж и натаму под заштита на Еквадор
Еквадорските власти ќе продолжат да го заштитуваат основачот на веб-страницата „Викиликс“. Од Министерството за надворешни работи нагласија дека Владата ќе продолжи да обезбедува меѓународна заштита на граѓанинот Џулијан Асанж сѐ додека веќе нема да има закана по неговиот живот.
-
Македонија 07.02.2018 11:15
Димитров на состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РM- ЕУ во Стразбур
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска во Европскиот Парламент во Стразбур ќе учествува во работата на 14-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија- Европска Унија, соопшти МНР.
-
Економија 07.02.2018 11:11
Ќе се изготвува нов Закон за работни односи
Владата на вчерашната седница ја разгледала информацијата за можноста за изменување на Законот за работните односи, во насока на кратење или елиминирање на обврската за објава на оглас за вработување, според препораките на извештајот Дуинг Бизнис 2018-та на Светска банка, со што економијата на зе
-
Економија 07.02.2018 11:06
Панел дискусија за работничките права на младите работници
Во ЕУ- Инфо центарот во Скопје денеска ќе се одржи панел дискусија за тоа колку се почитуваат работничките права на младите работници. На панел дискусијата се очекува да се разговара за моменталните состојби за почитување на работничките права, со посебен фокус на младите работници.
-
Свет 07.02.2018 11:04
Хан во посета на Србија
Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан доаѓа во тридневна посета на Србија, еден ден откако во Стразбур беше претставена стратегијата на ЕУ за Западен Балкан, во која беа дадени насоките на Србија за тоа кога и под кои услови би можела да биде примена во унијата.
-
Македонија 07.02.2018 11:03
Косово им исплати по 10.000 евра на семејствата на загинатите и осудените во „Дива населба“
Косовското Министертво за финансии ја реализираше одлуката на Владата за загинатите и осудените за настаните во кумановската „Дива населба“ во мај 2015-та година.










