Со 1,5 милиони евра и во 2018-та година ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците.
Исто така субвенции ќе има и за пилот проектите и за развој на нови пазари.
Со 1,5 милиони евра и во 2018-та година ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците.
Исто така субвенции ќе има и за пилот проектите и за развој на нови пазари.
Судењето за случајот „Монструм“, почнува повторно од почеток. Откако Врховниот суд утврди серија пропусти при водењето на постапките, укинати им се доживотните казни затвор на Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири.
Премиерот Зоран Заев во рамки на официјалната посета на Република Турција денеска ќе има средба со премиерот Бинали Јилдирим.
Постојат можности за унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција. Нашата цел е за неколку години трговијата со Турција да биде една милијарда евра.
Претседателот Ѓорге Иванов не е информиран за каков било постигнат договор меѓу македонскиот и грчкиот премиер од нивната средба во Давос, на кој договор се темелат јавните изјави на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, информираат од Кабинетот на Иванов.
Со воведниот збор на копретседателите во Стразбур започна 14-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ- Република Македонија.
Со стратегијата како документ европјаните се обидуваат да балансираат меѓу посакувањата од регионот и она што е возможно од Европската унија- коментират аналитичарите.
Европските фондови нудат пари, но македонските фирми сѐ уште само стасуваат до прагот, аплицираат но не добиваат финансии, да ги зајакнат капацитетите со специфични услуги и суштински иновации, за да ја подобрат конкурентноста- оценуваат од Фондацијата за претпримачки сервис.
Со 10-годишна стратегија ќе се развива македонскиот спорт. Владата, Агенцијата за млади и спорт и Федерациите ги договорија мерките што треба да донесат поголем бенефит за спортистите.
Владата бара долгорочно решение за дислокација на Државниот архив кое нема да биде на штета на буџетот, ниту пак на архивската граѓа и на оваа институција воопшто, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.