Во пресрет на одржувањето на Самитот 16+1 за соработка на земјите од централна и источна Европа со Народна Република Кина, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, се сретнаа со директорот на компанијата ЗТЕ за Југоисточна Европа, Линг Жи.
Вести
-
Економија 27.11.2017 10:50
-
Македонија 27.11.2017 10:33
Димитров на средби во Вашингтон
„Претстојната бура е на Балканот“- за ова ќе се разговара на конференцијата за балканската иднина во ера на несигурност, на која на 29-ти ноември во Вашингтон ќе учествува и министерот за надворешни, Никола Димитров.
-
Свет 27.11.2017 10:25
Европските банки повлекуваат пари од Британија
Европските банки повлекле 350 милијарди евра од Велика Британија од јуни 2016-та година кога се одржа референдумот за излез од блокот до истиот период годинава.
-
Економија 27.11.2017 10:22
Субвенции за невладини организации од областа на земјоделството
Од Mинистерството за земјоделство можат да се побараат финансиски средства за подготовка и печатење на едукативни и информативни материјали, за трошоците за реализација на активностите на проект, за закуп на просторот за едукација и хонорари за стручните лица.
-
Македонија 27.11.2017 10:17
БПЦ го разгледува писмото од МПЦ-ОА
Синодот на Бугарската црква денеска го разгледува прашањето за Македонската православна црква- Охридска Архиепископија. Не се очекува скорешна одлука на 14-те бугарски владици.
-
Економија 27.11.2017 08:06
Во Собранието почнува расправата по Предлог-буџетот за 2018 година
Во Собранието денеска почнува расправата по Предлог-буџетот за 2018 година. Предложениот буџет е на дневен ред во матичната Комисијата за финансирање и буџет, каде според деловникот расправата трае 10 работни денови.
-
Македонија 27.11.2017 08:01
Владина делегација на Самит на групата 16+1 во Будимпешта
Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев во Будимпешта ќе учествува на 6-тиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа.
-
Македонија 26.11.2017 12:49
Претседателот на Собранието Џафери во прва официјална посета на Шведска
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери од утре ќе престојува во прва официјална посета на Кралството Шведска.
-
Македонија 25.11.2017 09:34
Собранието ќе гласа за нов јавен обвинител
Во Собранието на Република Македонија денеска Љубомир Јовески треба да биде именуван за нов државен јавен обвинител.
Владата на 7-ми ноември му предложи на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија да биде именуван Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители.
-
Македонија 24.11.2017 16:20
Боговески не чувстува потреба да им се извини на Ахмети и Џафери
Поранешниот разузнавач, Слободан Боговески не чувстува потреба да им се извини на Али Ахмети и Муса Џафери, кои го тужат за клевета. Тој смета оти тужбата е апсурдна, бидејќи никаде не зборувал за случајот „Маѓар Телеком“, освен во Комисијата за заштита и во судот во Њујорк.










