Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов потврди дека тој ќе биде домаќин на Доналд Туск, претседател на Европскиот совет, кој в понеделник ќе претстојува во Македонија.
Вести
-
Македонија 30.03.2017 11:51
-
Македонија 30.03.2017 10:59
Сончево и топло со локална облачност
Утре пак ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло. Во крајните источни и во југоисточните предели ќе има услови за развој на нестабилност што може да донесе сосема слаби и локални врнежи од дожд.
-
Свет 30.03.2017 10:55
Британија најави излез и од Европол
По Брегзит, Британија најави излез и од Европол доколку не биде постигнат договор за безбедност со Унијата.
Обединетото Кралство е еден од трите најголеми корисници на податоците од Европската полициска агенција.
-
Македонија 30.03.2017 10:50
Германскиот Бундестаг расправаше за состојбата во Македонија
За состојбата во Македонија се расправа не само во македонското Собрание, туку и во германскиот Бундестаг, во Комисијата за европски прашања, но зад затворени врати.
-
Македонија 30.03.2017 10:46
Водостоите на реките под просекот за март
Водостоите на реките во Македонија се под просекот за март, покажува неделната хидролошка состојба.
-
Култура 30.03.2017 10:37
Главниот хорнист од Берлинската филхармонија, Штефан Дор во Скопје
Македонската филхармонија денеска во Домот на АРМ ќе одржи симфониски концерт „Моцартовата хорна“, на кој како солист ќе настапи првиот хорнист од престижната Берлинска филхармонија Штефан Дор од Германија.
-
Свет 30.03.2017 10:31
12 загинати во судир меѓу камион и мал автобус во Тексас
Дванаесет лица загинаа, а тројца беа повредени во судир меѓу минибус и камион во Тексас. 14 верници од Баптистичка црква се враќале со автобусот од тридневната посета на верски центар, а во камионот бил само возачот.
Причините за несреќата се непознати
-
Македонија 30.03.2017 10:28
Дозволени пестициди во органското производство
Без соодветна заштите на површините, органските производители тешко се справуваат со растителните болести и штетницикои знаат драстично да ги намалат приносите.
-
Македонија 30.03.2017 10:25
„Херитиџ“ се приклучи на барањата за истрага на Американската амбасада во Македонија
Влијанието на Џорџ Сорос и неговата фондација „Отворено општество“ на американската надворешна политика е алармантна за сенаторите, пишува весникот „Дејли сигнал“ на фондацијата „Херитиџ“ во Вашингтон.
-
Македонија 30.03.2017 08:35
Прекин на сообраќајот Мелнички Мост-Дебар поради асфалтирање
На патниот правец Мелнички Мост -Дебар поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање), денеска и утре сообраќајот ќе биде во прекин од 13:00 до 16:00 часот, информираат од Автомото сојузот на Македонија.









