Заигра метлата во Скопје. Со над 100 камиони и повеќе од 800 работници почна големата акција за чистење на метрополата. Ќе трае 72 часа. На испомош на новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски му пристигна и механизација од други градови и локални самоуправи.
Вести
-
Македонија 07.11.2025 08:25
-
Македонија 07.11.2025 08:21
Седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања
Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе одржи седница.
-
Македонија 07.11.2025 08:19
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 07.11.2025 08:02
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
-
Македонија 06.11.2025 21:11
Почна големата акција за чистење на Скопје што ќе трае 72 часа
Со над 100 камиони и повеќе од 800 работници, новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ја почна големата акција за чистење на метрополата што ќе трае 72 часа. На испомош на новиот градоначалник пристигна механизација и од други градови и локални самоуправи.
-
Култура 06.11.2025 20:52
Сиљановска-Давкова прифати да биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Ана Стојаноска, уметничка директорка на МТФ „Војдан Чернодрински“, театролог, писателка и редовна професорка на Драмскиот факултет во Скопје.
-
Македонија 06.11.2025 20:37
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Кина, Џианг Сјаојен
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.
Обете изразија задоволство од квалитетот на македонско-кинеските односи, втемелени на заемна почит и разбирање.
-
Македонија 06.11.2025 20:18
Јаневска: Новата Стратегија за образование ќе обезбеди континуитет на започнатите ефективни промени во ресорот
Образованието е скапа работа.
-
Македонија 06.11.2025 20:01
Министерот Алиу се сретна со италијанскиот амбасадор, Палминтери
Министерот за здравство, Азир Алиу денес оствари работна средба со италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери на која стана збор за актуелни теми од областа на здравството.
-
Македонија 06.11.2025 19:52
Пожар над селото Арнакија во општина Сарај
Над селото Арнакија (општина Сарај) е забележан шумски пожар на непристапен терен, соопшти Центарот за управување со кризи.
На местото има патрола на МВР, а известени се БППЗ – Град Скопје, Национални шуми Караџица, ЕЛС Сарај и ДЗС Скопје.










