Покачена температура, растечен нос, кашлање, бактериско-вирусни инфекции кај децата ги полнат амбулантите во клиниката „Козле“. Грип сè уште не е регистриран. Лекарите имаат од 120 до 150 прегледи за 24 часа, далеку се од онаа бројка над 200 како што се случува во пикот на грип.
Вести
-
Македонија 07.11.2025 15:13
-
Култура 07.11.2025 14:46
Отворен Фестивалот на современа македонска книжевност во Загреб
Пред бројна публика во македонскиот КИЦ во Загреб беше отворено првото издание на Фестивалот на современа македонска книжевност којшто македонскиот КИЦ го реализира во соработка со реномираната македонска издавачка куќа „Македоника литера“.
-
Македонија 07.11.2025 14:10
УХМР: Од вторник стабилизирање на времето
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, соопшти УХМР.
-
Македонија 07.11.2025 13:35
Уапсен в.д. директорот на Платежната агенција
Вчера попладне беше уапсен в.д. директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството. Се сомничи за примање поткуп, според првичните информации од апликант за финансиска поддршка од ИПАРД програмата.
-
Економија 07.11.2025 13:28
Почеток на првата фаза од градскиот воз
Почнува првата фаза за реализација на градскиот воз од Зелениково до Железничката станица, за целосна реконструкција и надградба на постоечката траса, увид во градежните активности изврши премиерот Мицкоски. -
Македонија 07.11.2025 13:24
Во тек е акцијата за чистење на Скопје
Во тек е генералката на метрополата, но метрополата по тешките недели преплавена со смет сè уште е далеку од новото руво. Големата акција почна вчера со над 100 возила, ќе продолжи и по истекот на 72 – та часа, најави скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски.
-
Македонија 07.11.2025 13:19
Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје
Конституиран Советот на Град Скопје на чело со Даме Димитровски. Тој вети соработка со сите. Новиот градски татко, Орце Ѓорѓиевски ги соопшти приоритетите на кои ќе се фокусира.
Известува Ирина Гелевска
-
Македонија 07.11.2025 12:30
Продолжува судскиот процес за родилката од Дебар
Денес продолжува судскиот процес за родилката од Дебар, која при породување во струшката болница остана без три органи.
-
Свет 07.11.2025 12:11
САД ги намалуваат домашните летов - стотици летови откажани
Америка во колапс. Стотици летови откажани низ земјата како превентивна мерка на властите во зачувување на безбедноста во воздушниот сообраќај по продолжената блокада на владата која ги стави под притисок контролорите на летање кои работат без плата.
-
Македонија 07.11.2025 12:04
Обвинителството ќе чека МВР и Финансиската полиција да постапат по сомнежите за злоупотреби во скопски „Комуналец“
Јавното обвинителство ќе чека МВР и Финансиската полиција да постапат по сомнежите за финансиски злоупотреби во скопски Комуналец, а ако тоа не го сторат, тогаш може да постапат по допрен глас.










