Актерот Јордан Симонов ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 31. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица.
-
Култура 14.09.2023 09:59
-
Култура 13.09.2023 11:46
Велешки театар со две претстави на фестивал во Пловдив
Велешкиот театар е учесник на фестивалот „Сцена на крстопатот“ кој се одржува во Пловдив, Бугарија. На програмата се 11 претстави, меѓу нив и две во продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, „Едвард Втори“ и „Нема струја за електричен строј“.
-
Култура 13.09.2023 09:14
Дуња Иванова вечерва со солистички концерт во Камерната сала на Филхармонија
Како дел од годишната програма на Министерството за култура, вечерва во Камерната сала на Филхармонија, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи солистички концерт. Концертот носи наслов „Дома“ и е посветен на музиката на современата и прогресивна полска композиторка Ханиа Рани.
-
Култура 13.09.2023 08:49
Во МСУ – Скопје се отвора изложбата „Горчлив шеќер“, мултимедијален проект на Ѓорѓе Јовановиќ
На 19 септември, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Горчлив шеќер“ (Bitter Sugar) на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ. Куратори на овој комплексен мултимедијен проект се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.
-
Култура 12.09.2023 14:43
Македонскиот џез-оркестар добива свој дом
Од 1-ви јануари „Куќата на џезот“ е новиот дом на оркестарот за џез-музика. Се вселуваат на нова адреса и простор за непречено творење.
-
Култура 12.09.2023 10:32
Владимир Јанковски на саем на книгата „Врисак“ во Риека
Писателот Владимир Јанковски од вчера до четврток е гостин на „Врисак“, саем на книга и фестивал на автори што од 10 до 17 септември се одржува во Риека. Повод за гостувањето на Јанковски е хрватскиот превод на неговиот роман „Скриени желби, немирни патувања“.
-
Култура 12.09.2023 09:26
Со операта „Лидија од Македонија“ започнува новата сезона на Националната опера и балет
Во сабота на 16-ти септември ќе се дигне завесата на Националната опера и балет со што ќе се отвори новата сезона 2023/2024 година.
На сцената ќе биде изведена обновената опера „Лидија од Македонија“ на композиторот Ристо Аврамовски која е една од најубавите македонски опери.
-
Култура 11.09.2023 10:51
Промоција на книгата „Книжевен бинокулар“ од Соња Стојменска Елзесер
Утре, во 12 часот во спомен-собата „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе биде промовирана книгата „Книжевен бинокулар“ од Соња Стојменска – Елзесер, добитник на наградата „Димитар Митрев“ за најдобра критичко-есеистичка книга за 2022 година според Друштвото на писа
-
Култура 11.09.2023 10:43
Киро Урдин на интернационалниот поетски фестивал во Букурешт
Македонскиот еминентен мултимедијален уметник Киро Урдин од денеска до 17-ти септември ќе учествува на Интернационалниот поетски фестивал во Букурешт.
-
Култура 11.09.2023 09:47
Уметничката група Шатакуа во Скопје
Вторник, во, 19:30 часот, во Музејот на Град Скопје за прв пат ќе биде претставена уметничката група Шатакуа во Скопје. Истоимениот проект, Chatautauqua – е сплет од аналогна фотографија, видео движења, објекти и музика.









