Премиерата на „Ништо без Трифолио“ е подарок на Прилепскиот театар за фелата и за Светскиот ден на театарската уметност. Оваа изведба на текстот на Русомир Богдановски сака да понуди современа верзија на љубовта, но и на односите во нашето современо живеење.
-
Култура 27.03.2017 10:27
-
Култура 24.03.2017 10:59
Трагикомедијата „Пијани“ премиерно во Битолскиот театар
Не попушта темпото на подготовка на нови премиери на битолскиот ансамбал. Трагикомедијата „Пијани“ веќе е третата по ред, работена по текстот на современиот руски драматург и голема фигура во театарската и филмската уметност, Иван Вирипаев.
-
Култура 21.03.2017 15:03
Чарлс Симиќ- добитник на „Златен венец“ на СВП
Поезија за светот на антагонизмите- Чарлс Симиќ е едно од водечките поетски имиња кое на книжевната сцена го воведува американското искуство и европскиот сензибилитет. Неговите стихови се за модерната стварност и за урбаниот поединец со сите негови доблести и маани.
-
Култура 21.03.2017 12:49
Чарлс Симиќ- добитник на Златниот венец на СВП за 2017-та
Чарлс Симиќ е годинашниот лауреат на Струшките вечери на поезијата. Оваа година на плеадата врвни автори кои се добитници на „Златниот венец“ на поезијата ќе им се приклучи и еден од најзначајните современи американски поети, есеисти, критичари и преведувачи.
-
Култура 20.03.2017 16:24
„Авантурите на Аладин“ на сцената на МНТ
„Авантурите на Аладин“, приказна за победата на љубовта, за победата над алчноста и злобата. Приказна за простувањето и потребата да се верува дека во секој човек лежи скриен добротвор, скриен пријател, безусловен почитувач и сродна душа, вели режисерот Трифуновски.
-
Култура 20.03.2017 15:41
Награди за ликовните амбасадори на Малиот Битолски Монмартр
Брендот на светската детска ликовна уметност и понатаму жнее награди. Покрај признанието од Меѓународниот олимписки комитет за петтото претставување на олимпијадите, пристигнаа и наградите за 25 ликовни амбасадори за делата со кои учествуваа на минатогодишните конкурси по светските метрополи.
-
Култура 16.03.2017 14:49
„Танец“ промовираше уште две нови аудио изданија од едицијата „Незаборав“
Промовирани две нови аудио изданија од едицијата „Незаборав“, кои се надоврзуваат на претходните 4 аудио записи во кои се содржани по 19 композиции македонски изворни песни.
-
Култура 16.03.2017 08:11
„Чајковски: Смеа и тага“ - концерт на Филхармонијата со виолончелистот Иштван Вардаи
Македонската филхармонија вечер во Домот на АРМ ќе одржи симфониски концерт насловен „Чајковски: Смеа и тага“ на кој како солист ќе настапи виолончелистот Иштван Вардаи од Унгарија.
-
Култура 14.03.2017 15:39
Последна почит за доајенот Вања Лазарова
Вања Лазарова- Димитрова замина во легендите докажувајќи со своите песни дека македонскиот музички јазик, а пред сѐ македонската фолклорна традиција се вистински амблем на нашата култура и национален идентитет.
-
Култура 14.03.2017 08:22
Комеморативна седница за Вања Лазарова
Во спомен и чест на доајенот на Македонската народна песна- Вања Лазарова, Македонската Радио Телевизија денеска во студиото М1 на Македонското Радио, со почеток во 11 часот, ќе одржи свечена комеморација.







