На Саемот на книгата, претставена програмата „Култура“ на „Креативна Европа“. Преку литературни преводи во изминатите три години се поддржани 14 проекти на девет издавачки куќи. Со поддршка на ЕУ се преведени 109 дела од европски автори на македонски јазик.
-
Култура 06.04.2017 16:20
-
Култура 05.04.2017 14:36
„Марија Калас- Час“ премиерно во МОБ
Животот на оперската дива Марија Калас на и зад сцената. Нејзиниот гламур и најголемите стравови, љубовниот живот и саможртвата во име на уметноста опишана во претставата „Марија Калас- Час“.
-
Култура 04.04.2017 15:56
Богата понуда на Саемот на книга
Над 80.000 книги од 80-тина издавачи, промоции, работилници, детско катче, трибини и дебати ова го нуди 29-тото издание на Саемот на книгата. Овде ќе најдете книга за сечиј вкус и за сеџиј џеб.
-
Култура 04.04.2017 11:05
Саемот на книга од денеска отворен за посетители
Од денеска до 10-ти април, од 10 до 20 часот, ќе биде отворен за посетители 29-от Саем на книгата, кој е меѓу најпосетените манифестации на Скопскиот саем.
-
Култура 31.03.2017 16:37
На 21-ви мај ќе биде отворена новата концертна сала на Филхармонијата
Новиот објект на Македонската филхармонија со модерен изглед и архитектонски и акустични карактеристики по сите светски стандарди ќе биде отворен на 21 мај.
-
Култура 30.03.2017 16:21
Три децении од смртта на Живко Чинго
Преку расказ од неговата замислената земја „Пасквелија“, вљубените во пишаниот збор се потсетија на големите дела на Живко Чинго. Моќните приказни и атмосферата што великанот ја градеше низ своите дела, и по три децении се барани меѓу читателите.
-
Култура 30.03.2017 10:37
Главниот хорнист од Берлинската филхармонија, Штефан Дор во Скопје
Македонската филхармонија денеска во Домот на АРМ ќе одржи симфониски концерт „Моцартовата хорна“, на кој како солист ќе настапи првиот хорнист од престижната Берлинска филхармонија Штефан Дор од Германија.
-
Култура 29.03.2017 12:31
Театар Комедија и Турскиот театар со претстави за поддршка на СОС Детско село
По повод Светскиот ден на театрите, 27 март, денеска во Театарот Комедија и во Турскиот театар ќе бидат одиграни претстави во чест на децата од СОС Детското село.
Во Театарот Комедија ќе биде одиграна претставата „Трудна приказна“, а во Турскиот театар претставата „Отело“.
-
Култура 28.03.2017 15:27
150-та изведба на „Сомнително лице“ и роденденски маратон на МНТ
Култната театарска претстава „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ в сабота ќе биде изведена по 150-ти пат. Во изминатите 10 години од како е на сцената на Македонскиот Народен Театар, ја погледнале околу 55.700 гледачи. Низ претставата поминале околу 30- тина актери.
-
Култура 28.03.2017 11:58
Главниот хорнист од Берлинската филхармонија, Штефан Дор во Скопје
Македонската филхармонија в четврток во Домот на АРМ ќе одржи симфониски концерт „Моцартовата хорна“, на кој како солист ќе настапи првиот хорнист од престижната Берлинска филхармонија Штефан Дор од Германија.








