12 години затвор за Васил Јованов, возачот кој ја прегази Фросина Кулакова. Обвинителството е задоволно од изречената казна. Семејството на Кулакова разочарано и најави жалба до повисокиот суд. Адвокатот на Јованов смета дека казната е превисока.
-
Македонија 13.05.2025 13:14
-
Македонија 13.05.2025 12:27
22 општини не го исполнуваат стандардот за зеленило од 25 метри квадратни
Oд 34 општини со седиште во град, 22 не го исполнуваат стандардот за зеленило од 25 метри квадратни по глава на жител – покажува извештајот на Државниот завод за ревизија. Само осум имаат важечки урбанистички план, повеќето работат со застарени и непостоечки планови.
-
Македонија 13.05.2025 10:53
12 години затвор за Васил Јованов кој смртоносно ја прегази Фросина Кулакова
Возачот Васил Јованов, кој смртоносно ја прегази младата Фросина Кулакова на пешачки премин, поминувајќи на црвено светло, е осуден на 12 години затвор. Тој доби и забрана за управување со моторно возило.
-
Македонија 13.05.2025 10:40
Муцунски: Европската интеграција на државата во фокус на работната посета во Шведска
Евроинтеграцискиот процес на државата, поддршката од Шведска во овој процес, како и реформските процеси во клучните области, беа во фокусот на средбата со министерката за европски прашања на Шведска, Џесика Розенкранц.
-
Македонија 13.05.2025 09:46
Муртезани и Суперти со заедничка заложба за напредок на реформите и отворање на првиот Кластер
Во рамките на дводневна работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска оствари средба и со Валентина Суперти, директорка во Генералниот директорат за проширување и источно соседство (ГД ЕНЕСТ) при Европската комисија.
-
Македонија 13.05.2025 09:29
МВР: Апел до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така наречени фишинг напади преку електронска пошта во која се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании со цел неовластено прибавување на п
-
Македонија 13.05.2025 08:55
Верските лидери ќе потпишат декларација против насилен екстремизам
Денеска верските лидери во земјата ќе потпишат декларација против насилен екстремизам. Ова е во организација на македонскиот Центар за меѓународна соработка и комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.
-
Македонија 13.05.2025 08:13
Јаневска на панел-дискусија на тема „Образование на иднината: градење лидери, мислители и иноватори“.
Денеска министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на панел-дискусија на тема „Образование на иднината: градење лидери, мислители и иноватори“.
Панел-дискусија се одржува во рамки на 14-от годишен Самит на Македонија 2025. -
Македонија 13.05.2025 08:10
Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 13.05.2025 08:06
Во Кривичен ќе биде објавена пресудата за Васил Јованов
Во скопскиот Кривичен суд ќе биде објавена пресудата за Васил Јованов, кој на пешачки премин на „Партизанска“ ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино. Обвинет е за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Максималната казна е 20 години затвор.










