Македонски контингент од околу 280 војници со формациска опрема, вооружување и возила, меѓу кои и новите лесни оклопни возила JLTV денеска (21 август) во штипската касарна „Јане Сандански“ беше свечено испратен на воената вежба „Saber Junction 25“ која се реализира во Хохенфелс, Германија.
-
Македонија 21.08.2025 14:56
-
Македонија 21.08.2025 14:31
Поднесена кривична пријава против скопјанец за сторено кривично дело „измама“
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против А.З.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.
-
Македонија 21.08.2025 13:21
Семејно насилство: Недостатоци во системот за заштита на жртвите
Алармантен извештај на Државната ревизија кој открива сериозни недостатоци во системот на заштита на жртвите од семејно насилство. Институциите не ги исполнуваат обврските, констатираат ревизорите.
-
Македонија 21.08.2025 13:19
Стручен надзор и увид во приватните болници
Независна комисија за стручен надзор, составена од експерти од странство ќе утврдуваат дали приватните болници вршат злоупотреба на граѓаните и државните пари со непотребни интервенции.
-
Македонија 21.08.2025 13:12
Мицкоски: Длабок рез во правосудниот систем
Локалните избори се последниот рок за институциите кои не работат совесно или пак има сомнежи за корупција. Премиерот Мицкоски најави робустна акција за сите за кои постојат сомнежи за неизвршување на задачите. Тука се членовите на Судски совет, како и државниот обвинител Коцевски.
-
Македонија 21.08.2025 13:05
Голем пожар во Карпош 4, од ДЗС велат дека се става под контрола
Претпладнево голем пожар зафати бараки на територија на скопската населба Карпош 4, а во моментов пожарот се става под контрола, вели првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
-
Македонија 21.08.2025 12:12
Годинава матичните доктори во велешко имале помала фрекфенција од минатите, намален бројот на деца со вируси
Летово во Велес нема зголемен број на деца кои имаат вируси и побарале помош од матичните доктори. Деца доаѓаат како пациенти, но со мали знаци на воспаление на грло, но не и со вируси. Ова лето докторите имале со многу помала фреквенција интервенции, отколку претходните години.
-
Македонија 21.08.2025 11:32
ФЗО: Нема евидентирани случаи на непотребни медицински интервенции во изминатите четири години
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека во изминатите четири години не се евидентирани претставки од пациенти за непотребни медицински интервенции.
-
Македонија 21.08.2025 10:42
Царинска управа: Непријавени луксузни часовници вредни 38 илјади евра
Царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски државјанин да криумчари во ранец два „Ролекс“ и еден „Омега“ часовник со вкупна вредност од 2,34 милиони денари или 38 илјади евра.
-
Македонија 21.08.2025 10:28
Обвинителен акт против осум лица, меѓу нив и полициски службеници
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе обвинителен акт до Основниот кривичен суд Скопје против осум лица, од кои шест се полициски службеници.









