Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.
Максималните дневни температури ќе се движат од 29 до 38 степени целзиусови.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.
Максималните дневни температури ќе се движат од 29 до 38 степени целзиусови.
Македонската телевизија посиромашна за еден луциден и врвен новинар. На 60-годишна возраст почина одговорната уредничка на Сателитскиот сервис Јулијана Тануровска која долги години беше дел од Информативната програма на МРТВ и како репортер и како уредник.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 од Кривичниот законик.
На 08.08.2025 СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против А.Ф. (57) од Штип поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по чл.396 ст.1 ст.3 ст.4 и ст.5 од КЗ.
Клиниките за Неврологија и Кардиологија имаат нови директори. На Клиниката за неврологија доаѓа доктор Игор Кузмановски на местото на Фатмир Меџити, а на Клиниката за кардиологија док
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
На 07.08.2025 полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје ги лишија од слобода Г.К.(39) и Р.М. (41), двајцата од Скопје затоа што на 03.08.2025 во Скопје, на територија на Гази Баба, од Д.Л. со употреба на сила одзеле златен ланец.
Син ја уби мајка си во Штип. Уапсен е. Штипјани велат дека порано бил познат угостител, но последните години станал зависник од алкохол. Се коцкал и често барал пари од најблиските.
Известува Славица Величковска.
24 години, споменикот нем сведок на трагичната смрт на македонските бранители кои својот живот го загубија кај месноста Карпалак во 2001-та година. Го дадоа својот живот за зачувување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на татковината.
Август го следи јули. Нов топлотен бран од Африка повторно во Македонија со температури до 39 степени. Надлежните велат дека од денеска до 13-ти август треба да се почитуваат препораките за заштита на здравјето.
Известува Андријана Ѓурческа.