Одличната соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Министерството за внатрешни работи доведе до тоа да нови две услуги се достапни за граѓаните електронски на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk.
-
Македонија 19.04.2025 18:07
-
Македонија 19.04.2025 16:27
Нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
Трет протестен марш во Кочани, семејствата на жртвите бараат правда и одговорност за пожарот во дискотеката „Пулс“. Порачаа – „Нашите деца беа убиени од алчност, правдата мора да излезе на виделина“. Во пожарот на 16 март загинаа 62 лица, а 193 беа повредени.
-
Македонија 19.04.2025 15:12
Верниците во очекување на веста за воскресението Христово
Денеска е Велјасабота – ден меѓу смртта и воскресението, празник што ги спојува тагата и радоста. Во храмовите литургии, верниците живеат во очекување на големата вест којашто камбаните ќе ја обзнанат точно на полноќ.
Александра Велинова ни ја пренесува атмосферата.
-
Македонија 19.04.2025 14:01
Кај Гевгелија со автомобил излетал од коловозот 19 годишник, починал на самото место
Утрово кобно и за 19 годишник од село Миравци. Околу 4 часот со автомобил излетал од коловозот на регионалниот пат село Миравци – село Давидово. Починал на самото место. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Гевгелија.
-
Македонија 19.04.2025 13:08
Жртви во тешка сообраќајна несреќа
Три лица го загубија животот, а осум се повредени во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи патот Кичево – Гостивар. Жртви се сопружници на возраст од 38 години од Гостивар, повредени се нивните три малолетни деца. Почина и едно 64 годишно лице од Битола.
-
Македонија 19.04.2025 12:11
Истрага за трагедијата во дискотеката „Пулс“
МВР постапува по добиените насоки и наредби од Обвинителство – првиот полицаец, Панче Тошковски очекува истрагата за пожарот во кабарето „Пулс“, што однесе 62 животи да заврши за краток временски период. Тој уверува дека полицијата досега ги презела сите дејствија што биле побарани.
-
Македонија 19.04.2025 10:43
Внимателно со исхраната по постот, препорачуваат лекарите
Велигденскиот е најдолгиот и најстрогиот пост во христијанството. 39 годишната, Маја Митровска уште во тинејџерските денови научила за постот преку примерот на нејзиното семејство а повеќе од 14 години и самата е пример за своите деца.
-
Македонија 19.04.2025 09:54
Гужви на граничните премини кон Грција и Србија
И денеска се забележуваат гужви на граничните премини кон јужниот и северниот сосед на земјава. Според информациите на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на преминот Табановце кон Србија се чека од 20 до 30 минути и во двата правци – и за влез и за излез од државата.
-
Македонија 19.04.2025 09:48
Најавен нов протестен марш денеска во Кочани
Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова е трет протестен марш што го одржуваат семејствата на настраданите по последниот одржан на 12 април.
-
Македонија 19.04.2025 09:29
ОЈО: Извршен увид по тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево-Гостивар
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со увидни екипи од МВР изврши увид на лице место на патот Кичево-Гостивар каде во сообраќајна несреќа меѓу три возила животот го загубија три лица, а осум се повредени.










