Договор за донација на 305 уреди за прочистување на воздухот во вредност од еден милион евра ќе биде потпишан денеска во Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија со компанијата ЕКОТИП Македонија.
-
Македонија 19.02.2025 08:54
-
Македонија 19.02.2025 08:40
Денеска седница на Уставен суд
Уставниот суд денеска на седница ќе расправа по предметот во кој е оспорена одредба од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители, а се однесува на оценување на стажот на јавните обвинители во периодот на нивното членување во Советот на јавни обвинители.
-
Македонија 19.02.2025 08:36
Министерот Николоски на глобален состанок на добавувачи и логистика на дивизијата за автомобилска електроника
Денеска, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, ќе присуствува на глобалниот состанок на добавувачи и логистика на дивизијата за автомобилска електроника.
Состанокот ќе се одржи во компанијата Костал во Охрид.
-
Македонија 19.02.2025 08:35
Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 19.02.2025 08:31
Асоцијацијата на одбранбени атешеа акредирани во РС Македонија во посета на Собранието
Во посета на Собранието денеска ќе престојува Асоцијацијата на одбранбени атешеа акредирани во Република Северна Македонија.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Асоцијацијата ќе оствари средба со членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.
-
Македонија 19.02.2025 08:26
Во Собранието ќе заседава Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика
Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.
Членовите на Комисијата ќе го разгледуваат Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, во второ читање.
-
Македонија 19.02.2025 08:02
Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото променливо облачно, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -8 до 0 степени, а максимумот од -2 до 6 степени.
-
Македонија 18.02.2025 21:01
Уставен суд утре ќе расправа по иницијатива за оценување на стажот на јавните обвинители во периодот на нивното членување во Советот на јавни обвинители
Уставниот суд утре на седница ќе расправа по предметот во кој е оспорена одредба од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители, а се однесува на оценување на стажот на јавните обвинители во периодот на нивното членување во Советот на јавни обвинители (СЈО).
-
Македонија 18.02.2025 19:59
Сиљановска-Давкова ги демантира тврдењата на ДУИ: Честитка за Денот на независноста на Косово беше испратена вчера преку МНР
Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова категорично ги демантира наводите во соопштението на политичката партија Демократската унија за интеграција објавено на 18 февруари 2025 година, според кои Претседателката на државата не упатила честитка по повод Денот на независноста на Реп
-
Македонија 18.02.2025 19:21
Отсеците за управни работи при МВР со ново работно време
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.










