Денеска, барем малку, дишеме почист воздух. Во повеќе градови вредностите на ПМ-честички се во дозволените граници, во Струмица е прекинат прагот на алармирање, но на неколку места сè уште има аерозагадување, што покажува дека проблемот е сериозен.
-
Македонија 10.01.2025 13:38
-
Македонија 10.01.2025 13:29
Грипот и коси и го празни џебот на граѓаните
Расте бројот на заразени од грип, но сè уште сме далеку од пикот. Вирусот е удар врз здравјето, но и удар врз џебот. Сите оние витамини и додатоци кои помагаат да се справиме со грипот чинат пари.
Известува Андријана Ѓурческа
-
Македонија 10.01.2025 13:12
Пет интерпелации пред пратениците
Жешко на првата собраниска седница по празниците. Дури пет интерпелации се пред пратениците, поднесени за работата на четворица министри, но и за народната избраничка Илире Даути, која го блокираше Законот за бранители. Секоја се разгледува посебно, но ниту една не се очекува да помине.
-
Македонија 10.01.2025 13:01
СДСМ бара одговорност од Таравари и Мемеди за случајот со седуммесечното бебе
Откако министерот за здравство Арбен Таравари го затвори случајот со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника, велејќи дека нема одговорност кај лекарите, опозицискиот СДСМ смета дека се прави обид да се заташка целата работа.
-
Македонија 10.01.2025 12:28
Вработените во неколку министерства во вторник излегуваат на протест
На 14-ти јануари со получасовен протест, синдикалците на УПОЗ ќе го изразат незадоволството поради неприфаќањето на нивните барања за потпишување на Колективен договор.
-
Македонија 10.01.2025 11:09
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да им се извини на граѓаните што му дозволи на Груби да ја краде Македонија
СДС се тие кои дозволија Артан Груби да прави што сака и да ја краде државата. Артан Груби со друга владина структура не би можел така да се однесува.
-
Македонија 10.01.2025 11:01
Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп
Премиерот Христијан Мицкоски на 20-ти јануари во Вашингтон ќе присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп. Мицкоски ќе присуствува и на свеченоста насловена како „Гласови на слободата“ која ќе се одржи по инаугурацијата.
-
Македонија 10.01.2025 10:53
„Вреди“: Осуда за провокациите кои го отежнуваат динамизирањето на патот на Северна Македонија кон ЕУ
„Вреди“ изразува загриженост и ги осудува изјавите на некој маргинален проруски политичар во Бугарија кој тврди дека „нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија“.
-
Македонија 10.01.2025 10:50
ДУИ: СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО – ДПМНЕ
Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО - ДПМНЕ.
-
Македонија 10.01.2025 10:40
СДСМ: Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм. Неговата реториката за постојаното подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата.










