Деценискиот проблем со немање канализациска мрежа и пречистителна станица во најатрактивното село крај Охридското Езеро-Трпејца ќе се реши најдолго за година и половина. Проектот вреден еден милион и 800 илјади евра ќе го финансираат Министерството за транспорт и врски и општина Охрид.
-
Македонија 23.12.2024 10:50
-
Македонија 23.12.2024 10:31
ЦУК: Во последното деноноќие 2.271 повик на 112 и два пожари на отворено
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие се регистрирани 2.271 повик, од кои „реални“ биле 55 отсто, а 45 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
-
Македонија 23.12.2024 08:59
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најладно било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 се измерени во Попова Шапка, -5 во Скопје-Петровец, -4 во Крива Паланка, Битола, Велес, Демир Капија и Струмица, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Штип, Кавадарци и Гевгелија, -2 во Прилеп, Маврови Анови, Крушево, -1 во Виница, 1 в
-
Македонија 23.12.2024 08:54
Скопје и утрово најзагаден град во Европа
Скопје утрово е најзагаден град во Европа, а десетти во светот со индекс 169, покажуваат податоците на специјализирана страница за мерење на квалитет на воздухот IQAir.
На листата на најзагадени градови предничи Делхи, по што следуваат Акра, Каиро, Карачи, Бишкек.
-
Македонија 23.12.2024 08:35
Муцунски на средби во Вашингтон
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на Вашингтон, САД. Посетата, како што соопшти Министерството, претставува значаен чекор кон продлабочување на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.
-
Македонија 23.12.2024 08:34
Детали за иницијативата за подобрување на квалитетот на воздухот
Министерствата за животна средина и за енергетика ќе објават детали за иницијативата за подобрување на квалитетот на воздухот.
-
Македонија 23.12.2024 08:17
Сообраќајот во зимски услови, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 23.12.2024 08:13
Во Собранието седница на Комисијата за образование, наука и спорт
Во Собранието на Северна Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за образование, наука и спорт, на чиј дневен ред е амандманска расправа на Предлог-законот за учебници.
-
Македонија 23.12.2024 08:01
Облачно и студено, снег на пониските места
Облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег.
-
Македонија 22.12.2024 18:15
Приведен скопјанец, и се заканувал на поранешната сопруга и нејзиното семејство
На 21.12.2024 во 23.50 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(43) од Скопје, поради тоа што упатувал закани кон неговата 42-годишна поранешна сопруга и нејзиното семејство, информира МВР.










