Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за изречената мерка притвор и го потврди решението на судија на претходна постапка, соопштија од судот.
-
Македонија 24.12.2024 15:41
-
Македонија 24.12.2024 15:21
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Универзитетот „Мајка Тереза“
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Изет Зеќири денеска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје.
-
Македонија 24.12.2024 14:53
Викторија Трајков, учествуваше на РеСПА Академијата за интероперабилност 2024
Заменик министерката за европски прашања, доцент д-р Викторија Трајков присуствуваше на дводневниот настан „РеСПА Академија за интероперабилност 2024“, кој се одржа во Велес.
-
Македонија 24.12.2024 14:22
Тошковски на промоција на дипломирани студенти на Факултетот за безбедност
Министерот за внатрешни работи денес присуствуваше на промоција на дипломирани студенти на Факултетот за безбедност – Скопје а претходно со останатиот дел од студентите го „испија“ традиционалното „академско кафе“ коешто се одржува секоја година со студентите и професорите на факултетот.
-
Македонија 24.12.2024 13:23
Забрана за товарни возила на неколку патни правци
До петок УХМР најавува студено и ветровито време со локални врнежи од дожд. Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци.
Стевче Митревски известува од планинскиот премин Ѓавато.
-
Македонија 24.12.2024 13:21
Планови во одбраната за 2025 година
Плановите во одбраната за следната година се продолжување на стабилно буџетирање, модернизација и пополнување на составот на Армијата. Следната година ќе пристигнат сите оклопни возила, системи за противвоздушна одбрана, а ќе се почне и со набавката на нови воени хеликоптери.
-
Македонија 24.12.2024 13:14
Мицкоски бара робусна акција од ДПИ
Премиерот Мицкоски на денешната владина седница од Државниот пазарен инспекторат ќе бара робусна и жестока акција. Вели некои од маркетите шпекулираат и се служат со трикови. Лут е на трговците откако ги покачија цените на производите кои не се опфатени во новогодишната кошница. -
Македонија 24.12.2024 13:02
Извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори
На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори. Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива. Пациентката е со уреден постоперативен тек.
-
Македонија 24.12.2024 13:02
АХВ откри новогодишни пакетчиња со изминат рок
Новогодишни желби, подароци, дедомразовци, претстави, насмеани лица. Радост пред претстојните празници. Новогодишните пакетчиња се најпосакуваните подароци. Во нив чоколади, бонбони, колачи убаво стокмени на едно место, но со можност меѓу нив да се протурка и производ со поминат рок.
-
Македонија 24.12.2024 12:26
Продолжува судењето против градоначалникот Максим Димитриевски
Во кумановскиот Основен суд продолжи судењето против градоначалникот Димитриевски, кој е осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување, по пријава на двајца бизнисмени за изградба на станбени единици.










