Преку денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-3 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Преку денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-3 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ. Причина за посетата беше реафирмирањето на поканата на српскиот претседател Александар Вучиќ за официјална посета на Република Србија.
Земјотрес со јачина од 2,9 степени беше регистриран вечерва во 19 часот и 45 минути.
Епицентарот на земјотресот е во делчевско-беровскиот регион.
Разбиена е терористичка ќелија. Приведени се четворица, тројца од Гостивар и еден од Струга. Сите со идеолошка матрица на ИСИС – информираше министерот за внатрешни работи, Тошковски. Планирале терористички напади на цивилни цели и јавни објекти во Македонија, но и пошироко.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Проневера во службата од член 354 од Кривичниот законик.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска претседаваше со националниот Совет за рамномерен регионален развој, кој денеска ја одржа 38 седница, практично со нов состав.
Денес во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, со свечен настан беа одбележани 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи на Македонија со 18 земји: Чешка, Унгарија, Шпанија, Португалија, Лихтенштајн, Луксембург, Република Австрија, Белгија, Светата Столица, Словач
„Време е за решителен напредок во евроинтеграцијата на Западен Балкан“ – министрите за надворешни работи и за европски прашања на Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија, собрани во групата Пријатели на Западен Балкан, испратија писмо до шефицата на европската дипломатија
Седуммесечно бебе синоќа починало на интензивната нега на Детската клиника. Директорот Мемеди вели дека имало генетски проблем, како и оштетени повеќе органи. Според него, биле запазени сите процедури и немало лекарска грешка.
Телото на бебето е предадено на обдукција.
По неколкумесечна предистражна постапка на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гоење на организиран криминал и корупција и Истражниот центар, како и истражители од Лабораторијата за дигитална форензика, во текот на вчерашниот ден во соработка со МВР беше спроведена акција во струш