Скопје и утринава e меѓу 10 градови во светот со најзагаден амбиентален воздух, според податоци на платформата „Ај-Кју-Ер“.
-
Македонија 12.11.2024 09:44
-
Македонија 12.11.2024 09:36
Средба Сиљановска Давкова-Де Кро
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро.
-
Македонија 12.11.2024 09:33
Седница на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР за именувањето на директорот Бојан Христовски
Во Собранието денеска е закажана седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, со единствена точка на дневен ред - Информација за незаконското именување на директор на Агенцијата за национална безбедност поднесена од пратеници о
-
Македонија 12.11.2024 09:18
Министерката Божиновска ќе се обрати на панелот „Патот кон нула-енергетски згради на Балканот“
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, ќе се обрати на панел-дискусијата „Патот кон нула-енергетски згради во поширокиот Балкански регион“, која се одржува во рамки на климатскиот самит КОП29 во Баку, Азербејџан.
-
Македонија 12.11.2024 08:38
Без вода корисниците на улиците „Финска“ и „Христо Татарчев“
Поради уличен дефект, без вода денеска од 07:45 часот се дел од корисниците на улица „Финска“, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Вода од 09:00 часот ќе немаат и корисниците на дел од улица „Христо Татарчев“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектите.
-
Македонија 12.11.2024 08:31
Министерот Муцунски домаќин на актуелниот претседавач на ОБСЕ , Јан Борг
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на актуелниот претседавач на ОБСЕ, заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и трговија на Малта, Јан Борг.
-
Македонија 12.11.2024 08:18
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.
-
Македонија 12.11.2024 08:04
Поранешни конгресмени и службеници од Конгресот на САД во посета на Собранието
Во посета на Собранието денеска ќе бидат поранешни конгресмени и службеници од Конгресот на САД, претставници на Меѓународниот републикански институт од Вашингтон и претставници од Канцеларијата на ИРИ во земјава.
-
Македонија 12.11.2024 08:03
Собранието денеска ќе ја одржи 19. седница
Собранието денеска треба да ја започне 19-та седница на која на дневен ред се триесетина точки, меѓу кои избор на двајца членови на Државната изборна комисија, верификација на мандат на пратеник, избор на членови за собраниски тела и други органи, неколку закони по скратена постапка, во прво и во
-
Македонија 12.11.2024 07:58
Променливо облачно и студено
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, попладне и во текот на ноќта во јужните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. По котлините ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.










