Реформската агенда на Владата (2024-2027), која се однесува на Планот за раст на Европската комисија, ќе биде презентирана денеска на третата седница на Комисијата за европски прашања која ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија со почеток во 14:30 часот.
-
Македонија 08.11.2024 08:17
-
Македонија 08.11.2024 08:16
Состанок на Секторската група за Реформа на јавната администрација
Во рамки на годишните активности за унапредување на јавната администрација, Министерството за јавна администрација ќе одржи состанокот во Владата на Секторската работна група за Реформа на јавната администрација.
-
Македонија 08.11.2024 08:14
Мицкоски: Оптимист сум за европскиот пат на Македонија
Самит на европската политичка заедница во Будимпешта. Европските лидери ја нагласија важноста за безбедноста и стратешката автономија. Францускиот претседател Макрон оцени, Европа мора да гради сопствени капацитети за заштита на суверенитетот и стабилноста.
-
Македонија 08.11.2024 08:02
Наутро студено, во текот на денот времето ќе биде сончево
Наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
-
Македонија 07.11.2024 21:52
Во сабота повторно се отвора Зоолошката градина во Скопје
ЗОО Скопје извести дека од оваа сабота, 9-ти ноември повторно ќе биде отворена за посетителите. Зоолошка градина ќе работи со редовно работно време од 09:00-17:00 секој ден.
-
Македонија 07.11.2024 21:49
Мицкоски: Ќе направиме сè како држава да ги одбраниме националните интереси
Петти самит на Европската политичка заедница во Будимпешта. Во фокус на средбата – градење став однос на победата на Трамп.
-
Македонија 07.11.2024 19:41
Делегацијата на БЈБ учествуваше во изборот на новото раководство на ИНТЕРПОЛ
На последниот ден од Генералното Собрание на ИНТЕРПОЛ, кое се одржува оваа недела во Глазгов, Обединетото Кралство се одржаа избори за позициите потпретседатели на ИНТЕРПОЛ за Америка и Африка, како и делегати на извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ за Европа, Америка и Азија.
-
Македонија 07.11.2024 17:43
Две исчезнати деца пронајдени и вратени на семејствата
Денеска во Скопје беа пронајдени и вратени на своите семејства две исчезнати деца, информираат од МВР.
-
Македонија 07.11.2024 17:16
Обид за проширување без билатерални прашања
Аплауз од дел од пратениците за Марта Кос, новата комесарка за проширување, откако од говорница рече оти ќе направи сѐ билатералните прашања да не се вметнат во процесот на проширување. Сепак, децидна дека не е реално репреговарање на преговарачката рамка за ниту една земја кандидат.
-
Македонија 07.11.2024 16:42
Приведен крадец во Скопје за издржување тригодишна затворска казна
Денеска во 13.50 часот на ул.„Веле Марков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(60) во Скопје, информираат од МВР.










