СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“ по член 391 став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик.
-
Македонија 21.10.2024 19:04
-
Македонија 21.10.2024 18:34
Муртезани: Сакаме да обезбедиме гаранции за отпочнување но и завршување на ЕУ интеграцијата
На Платформа 2: 100% посветени за тебе се обрати и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани кој се осврна на интеграцијата во Европската Унија.
-
Македонија 21.10.2024 18:00
Партиски реакции за работата на безбедносните служби
СДСМ е против спојувањето на Aгенцијата за разузнавање и Aгенцијата за национална безбедност, како што најави премиерот Mицкоски. Лидерот на партијата Филипче ја повика претседателката Сиљановска-Давкова да го запре најавеното спојување на безбедносните служби.
-
Македонија 21.10.2024 17:39
Мицкоски: Однадвор добиваме обврски, без дела
Македонија е блокирана од еден нерационален и билатерален спор, со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања.
-
Македонија 21.10.2024 17:27
Фрлена експлозивна направа во штабот на ПЦЕР во Тетово
Фрлена експлозивна направа во штабот на ПЦЕР на ул. Иво Лола Рибар во Тетово. Искршени се прозорците на објектот и е направена значителна материјална штета, но за среќа бомбата кашикара не експлодирала.
-
Македонија 21.10.2024 16:57
Почна превенцијата против сезонски грип
Почна превенцијата против сезонски грип. Се имунизираат хронично болните, постарите од 65 години, бремените жени и здравствените работници. Некои граѓани секоја година ја примаат вакцината, велат зимата ја минуваат без проблеми.
-
Македонија 21.10.2024 16:27
Реакции за предложените законски корекции на минималната плата
Социјалдемократите предлагаат законски корекции за минималната плата да се зголеми за 12,3 проценти. Според партискиот лидер Филипче предлозите се поради растот на цена на храната и на потрошувачката кошничка како и ниската куповна моќ.
-
Македонија 21.10.2024 16:03
Членство во ЕУ, но не по секоја цена
Членство во Европската унија, но не по секоја цена е ставот на министрите за надворешни работи и евроинтеграции Муцунски и Муртезани. Велат, вака секогаш има можност за ново вето, а и Германија сака да се смени системот со кои земјите стануваат членки на Унијата.
-
Македонија 21.10.2024 15:41
„Глува соба“ - нова просторија според безбедносни стандарди
Во „глува соба“, без можност да протечат информации, ќе се носат одлуки од национална безбедност. Проектот ги вклучува најдобрите практики на управување со безбедносниот сектор и обезбедува приспособливост на идниот напредок во надзорот над безбедноста и разузнавањето.
-
Македонија 21.10.2024 15:25
Тестираните две лица негативни на птичји грип, епидемиолозите смируваат
Тестираните вработени во Зоолошката градина немаат птичји грип, информираат од Институтот за јавно здравје.










