Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопштија утрово во АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопштија утрово во АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Повторно расте бројот на заболени деца од голема кашлица. Во последната недела се регистрирани 25 нови случаи, речиси двојно повеќе од претходната седмица, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР.
Правда и правна држава, бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата, достоинствен живот за сите граѓани – порача премиерот Христијан Мицкоски по повод одбележувањето на Денот на независноста 8 Септември – кога, како што тој рече на светот јасно му пренесовме дека татковината не се сака затоа
Во своето обраќање на Свечената академија по повод Денот на независноста – 8 Септември, премиерот Христијан Мицкоски соопшти десет принципи околу кои, како што нагласи, треба да се создаде заедништво и сплотеност на сите фактори и општествени чинители.
Вчера во Скопје на 86 години од животот почина доајенот на македонската народна песна Анка Гиева. Беше дел од плејадата познати песнопојци – пејач со препознатлив и карактеристичен глас, која за музичката продукција на Македонската радио-телевизија има снимено безброј убави народни песни.
Денеска во 06.25 часот полициски службеници од СВР Тетово го привеле Л.Ф.(33) од Тетово, кој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба, за издржување за казна затвор во траење од три години. Л.Ф. е спроведен во КПУ Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.
Природно минералната вода од дел од чешмите во кумановско Проевце не е безбедна за пиење, покажаа анализите на Центарот за јавно здравје Куманово. Потврдено е присуство на бактерија. За состојбата е известена и општина Куманово.
Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои активни се 3, под контрола се 4 и изгаснати се 31 пожар.
Честитка до македонските граѓаните по повод Денот на независноста упати и лидерот на СДСМ Венко Филипче. Патот што го избравме пред три децении е потврда на нашата колективна волја за достоинство и просперитет.