Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Кралството Холандија, Узлем Џанел.
-
Македонија 29.08.2024 13:36
-
Македонија 29.08.2024 13:32
Битола без вода за пиење поради голем дефект на пумпната станица
Битола оставена без вода за пиење. Причината е голем дефект на пумпната станица „Довлеџик“. Се работи на негова санација, но, очекувањата се дека тоа ќе се случи дури доцна попладне. Ова ги натера граѓаните во маркетите масовно да купуваат вода за пиење.
-
Македонија 29.08.2024 13:29
Почнува првиот уписен рок на УКИМ
Денеска и утре прв уписен рок за новите студенти на најстариот универзитет во земјава, „Свети Кирил и Методиј“. Има речиси 10 илјади слободни места за идните бруцоши.
-
Македонија 29.08.2024 13:20
Седница на Советот за проблемите во градот
Седница на Советот на Град Скопје. На дневен ред се предлог-програми поврзани со работата на јавните претпријатија ЈСП и „Комунална хигиена“. Александра Велинова ја следи седницата.
-
Македонија 29.08.2024 13:10
Мицкоски на средба со Пленковиќ
Премиерот Христијан Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска. Имаше средба со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ. Потпишани меморандуми за соработка во областа на здравството и образованието.
-
Македонија 29.08.2024 12:26
Пукање во Арачиново, повреден е 24- годишен жител од селото
Истрели од огнено оружје одекнаа во скопско Арачиново. На мост во близина на центарот на селото, засега непознат сторител пукал кон 24-годишен маж, локален жител по што побегнал од местото на инцидентот.
-
Македонија 29.08.2024 12:11
До сабота променливо и нестабилно време, од недела сончево и потопло
До сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, повремено како локално невреме со пообилен пороен дожд, ветер и град, соопшти УХМР.
-
Македонија 29.08.2024 11:13
Во охридските училишта се воведува 24-часовно обезбедување
Во охридските училишта се воведува 24-часовно обезбедување. За прв пат оваа учебна година, Агенција за обезбедување ќе се грижи за безбедноста на основците и средношколците. Во рамките на проектот „Безбедни училишта“, поставен е и видеонадзор во три средни и пет основни училишта.
-
Македонија 29.08.2024 10:15
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 15 лица од Кина
На 28.08.2024 во 22.45 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници од РЦГР Југ го лишија од слобода М.А.(38) од Босна и Херцеговина, кој управувал товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со босански национални ознаки, затоа што при извршена проверка, во пол
-
Македонија 29.08.2024 10:13
Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска
Премиерот Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска. Во Загреб ќе има средби со неговиот домаќин Пленковиќ, со претседателот Милановиќ и во хрватскиот Сабор.










