Нема согласност од Советот на Град Скопје за проектот – брз автобуски превоз и набавка на еко-возила. На дневен ред на седницата, програмите за Комунална хигиена и ЈСП.
Известува Ирина Гелевска
Нема согласност од Советот на Град Скопје за проектот – брз автобуски превоз и набавка на еко-возила. На дневен ред на седницата, програмите за Комунална хигиена и ЈСП.
Известува Ирина Гелевска
Повлечени се членовите на Комисиите кои требаше да извршат избор на изведувач и надзор за третата делница од пругата кон Бугарија, објави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.
Министерот за правда Игор Филков оствари средба со претставничката на Детскиот фонд на Обединети Нации – УНИЦЕФ, Лесли Милер.
Се дискутираше за заедничките идни активности, предизвици и можностите за успешна соработка.
Учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз, билетите ќе ги добијат во матичните училишта, информираат од ЈСП и додаваат дека сега ќе им бидат дадени времени билети, кои во меѓувреме ќе бидат заменети со „Скопска“.
Универзитетите ја отворија вратата за бруцошите. Почна првиот уписен рок на УКИМ, слободни над 9.900 места за студенти во прва година. Процесот се одвива на 23 факултети што се во состав на најстариот и најголемиот универзитет во земјава.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристоф Ле Риголер.
Техничките науки и годинава атрактивни. Во редици се чекаше за упис на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. И на Факултетот за електротехника и информациски технологии има пораст од околу 50 проценти на ученици кои сакаат да студираат, во споредба со изминатите години.
Македонија и Хрватска ја продолжуваат и унапредуваат соработката во образованието и науката.
Од раните утрински часови Битола е без водоснабдување. Нешто по полноќ сериозно е оштетен еден од највиталните делови на пумпната станица „Довлеџик“ од каде се испумпува вода од стрежевската акумулација.
Денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција, Н.Е. Фатих Улусој.