Денеска, заменик на министерот за внатрешни работи д-р Астрит Исени оствари работна средба со г. Масимо Пани, офицер за врски и експерт за безбедност при амбасадата на Италијанската Република во Скопје.
-
Македонија 14.08.2024 14:26
-
Македонија 14.08.2024 14:04
СДСМ: Одговорноста за Скопје е кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ
За состојбите во Град Скопје реакција на опозициската СДСМ. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствени одговорни за состојбата во која се наоѓа Скопје.
-
Македонија 14.08.2024 13:43
Активен пожарот над селото Врбен
Големиот шумски пожар над горнореканското село Врбен е сè уште активен. Рано утрово се правел појас за да се спречи огнот да се прошири кон куќите. Гаснат пожарникари, локалното население и припадници на специјалната единица-Тигри.
Известува Зоран Димовски
-
Македонија 14.08.2024 13:35
Скопските градоначалници на состанок за актуелната состојба во градот
Координација на скопските градоначалници за актуелните состојби во главниот град. Јавниот превоз и хигиената – главни теми. Автобусите доцнат или воопшто не доаѓаат. Контејнерите течат од отпад. Што е договорено за да се подобри квалитетот на животот на скопјани?
-
Македонија 14.08.2024 13:15
Приведен крадец во Стар Дојран, следува соодветна пријава
Вчера во 15.20 часот во Стар Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија-Полициско одделение Нов Дојран го лишиле од слобода Т.А.(40) од Гевгелија. Тој се сомничи дека истиот ден извршил кражба во продажен објект во Стар Дојран, при што одзел пари.
-
Македонија 14.08.2024 13:06
Хуманитарен маратон на Томи Стефаноски „Пливање за инклузија“
Македонскиот пливач Томи Стефаноски по повод 15 годишнината од препливувањето на каналот Ла Манш, денеска пливаше хуманитарен маратон на трасата од месноста Десарет кај Пештани до црквата „Свети Јован Канео“, и назад до охридското пристаниште.
-
Македонија 14.08.2024 12:50
Средба на министерот за одбрана Владо Мисајловски со в.д. амбасадорката на САД, г-ѓа Никол Варнс
Денеска во Министерството за одбрана министерот Владо Мисајловски оствари средба со в.д. амбасадорка на САД, г-ѓа Никол Варнс, на која и посака добредојде во земјава и успех во работата за време на нејзиниот мандат.
-
Македонија 14.08.2024 12:07
Продолжува битката со пламените јазици кај Галичица
Десет денови се води битка со огнената стихија на Галичица. Три дена немаше интервенција од воздух, па пожарот се прошири на три фронта на македонска територија. Од исток кон Преспа, од север кон Охрид и од запад кон Охридското езеро.
-
Македонија 14.08.2024 11:41
МОН: Се доделуваат 20 стипендии „Борис Трајковски“ за постдипломски студии во Солун
Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување на 20 стипендии „Борис Трајковски“, за студии од втор циклус за пан-европската извршна МБА програма со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур, која се реализира во Солун, Република Грција
-
Македонија 14.08.2024 11:32
Двајца возачи од струмичко вршеле јавен превоз на патници без лиценца, поднесени соодветни поднесоци
Денеска во 04.00 часот кај наплатна рампа Кадрифаково, светиниколско, во правец кон Свети Николе, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, у









