Поради активен пожар на регионалниот пат Р1103 Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правца, информира АМСМ.
-
Македонија 18.07.2024 09:31
-
Македонија 18.07.2024 09:26
ЦУК: Последното деноноќие имаше вкупно 24 пожари на отворено, од кои 13 уште се активни
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 24 пожари на отворено, од кои активни утрово се 13.
-
Македонија 18.07.2024 09:18
Седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците
Во Собранието денеска се очекува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците да ја продолжи втората седница.
-
Македонија 18.07.2024 08:53
Пукање во Чаир, има ранет
Синоќа пукање во скопски Чаир. Едно лице е рането. Од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во СВР Скопје било пријавено дека 31-годишниот Д.Б. бил донесен во болницата со повреди од огнено оружје.
Од МВР велат оти се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-
Македонија 18.07.2024 08:47
МВР: 107 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 18.07.2024 08:41
Огнената стихија не стивнува сè уште активни пожари во земјава
Oгнената стихија не стивнува. Десетици пожари на отворено и натаму активни во земјава. Гори главно непристапен терен. Борбата на противпожарните екипи продолжува, во гаснењето вклучени и хеликоптери и Ер-трактори. Се уште активен пожарот на планината Серта, гори од неколку страни.
-
Македонија 18.07.2024 08:25
Сончево и топло, температури до 42 степени
Сончево и топло со мала до умрена облачност. Ова е временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од каде посочуваат дека максималните температури ќе се движат до 42 степени.
-
Македонија 17.07.2024 20:46
Мицкоски, Меџити и Божиновска учествуваат на Самитот на Европската политичка заедница
Деновиве сме дел од Самитот на Европската политичка заедница. Тука сме заедно со потпретседателот на Владата, Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, објави премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил.
-
Македонија 17.07.2024 20:26
Пожарот на Серта се приближува кон Калањево, но селото не е загрозено
Пожарот на планината Серта се приближува кон селото Калањево, но селото воопшто не е загрозено, рече вечерва директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во видео изјава, појаснувајќи дека станува збор за викенд населба.
-
Македонија 17.07.2024 19:46
Мисајловски на средби со амбасадорите Дрекслер, Бомгартнер и Ќехаја
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска оствари средби со амбасадорите на Германија, Франција и на Косово, информираат од Министерството за одбрана.








