Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска одржа работна средба со Масимилиано Паолучи, директорот на Светска банка во Македонија и д-р д-р Теклу Тесфаје виш економист за земјоделие во канцеларијата на Светска банка во Македонија.
-
Македонија 04.07.2024 13:58
-
Македонија 04.07.2024 13:50
Ќе се унапредува соработката на Уставен суд со Правниот факултет „Јустинијан Први“
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски денеска оствари работна средба со деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Сашо Георгиевски.
На средбата се дискутираше за можностите за унапредување на соработката помеѓу Уставниот суд и Правниот факултет.
-
Македонија 04.07.2024 13:31
Правна заштита при доцнење на летови
Доцнат летовите низ речиси целиот свет. Голем дел и се пренасочуваат. Метеж на аеродромите, нервозни патници кои со часови чекаат да полетаат до резервираната дестинација. Според авиокомпаниите и надлежните, неповолните временски услови се главна причина.
-
Македонија 04.07.2024 13:26
Приватните превозници со редуциран возен ред
Приватните превозници и денеска со редуциран возен ред. Продолжуваат меѓусебните обвинувања, Здружението на превозници, ЈСП, Град Скопје секој со свој став. Ќе има ли решение или проблемот ќе биде на товар на граѓаните. Известува Ана Јосифоска-Тодоровска.
-
Македонија 04.07.2024 13:13
Мицкоски: Договорите се двонасочна улица
Здруженијата на Македонците во Бугарија ги осудуваат последните изјави на бугарскиот претседател Радев насочени кон Македонија. Премиерот Мицкоски им порача на соседите да ги преиспитаат своите изјави и нагласи дека договорите се двонасочна улица.
-
Македонија 04.07.2024 13:11
Средба Муцунски – Јовановиќ
Денеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорката на Србија, Невена Јовановиќ.
-
Македонија 04.07.2024 12:50
Парво вирусот ги полни ординациите, децата полесно го поминуваат
Слабиот имунитет на децата ги враќа старите вируси, велат педијатрите. Ако порано за цела година имало само два случаи на парво вирус, изминатиов период во ординациите има по 15 деца со исипи на кожата. Заразата брзо се шири и трае до седум дена, вели докторката Марковска.
-
Македонија 04.07.2024 12:38
Поради блокирана сметка, одржувањето на магистралните и регионални патишта во опасност
ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта се дави во долгови, 12 години работи со блокирана сметка, покажа ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија.
-
Македонија 04.07.2024 12:36
Поднесено обвинение за загрозување на сигурноста на новинарка
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави Обвинителен предлог против 31-годишен жител на селото Грчец за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 во врска со став 4, како и ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.
-
Македонија 04.07.2024 12:03
Претрес во Штип, пронајдена дрога, приведени две лица
Вчера во 21.00 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија на дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода А.П.(36) и К.П.(32), двајцата од Штип. Имено, при претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.










