Измените на Кривичниот законик го назадија приближувањето на правосудството до европското.
-
Македонија 03.07.2024 14:03
-
Македонија 03.07.2024 13:52
Мисајловски во посета на припадниците на баталјонот за Специјални сили – Волци
Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска ги посетија припадниците на баталјонот за Специјални сили – Волци во касарната „Илинден“ во Скопје.
-
Македонија 03.07.2024 13:35
Филипче ја презеде функцијата, најави период на обединување и реформа
Венко Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски, информираат од партијата.
Ковачевски му честиташе на изборот, му посака понатамошен успех во работата и повторно градење победнички СДСМ.
-
Македонија 03.07.2024 13:22
Чибишев: Нема да има незаконски вработувања
Новиот директор на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев, информираше дека 18-те спорни вработени кои беа без валидни договори за вработување веќе не доаѓаат на работа. Вели дека тие незаконски биле дел од институцијата, а со тоа што добивале плата оштетен е и буџетот.
-
Македонија 03.07.2024 13:21
Седмооделенците од септември ќе учат по старата програма
Седмооделенците од септември ќе учат по старата програма бидејќи ниту еден учебник не е испечатен, други не се одобрени, рецензирани или воопшто не се напишани, информираше министерката за образование Весна Јаневска.
-
Македонија 03.07.2024 13:19
Нa „Табановце“ и „Богородица“ за излез од земјава се чека 30 минути
Нa граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ има зголемена фреквенција на возила за излез од земјава. Времето на чекање е околу 30 минути, информираат од АМСМ.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 03.07.2024 13:14
Измените на Кривичниот законик се назадување
Имаме добри закони, но лоша имплементација. Во последните години имаме континуирано уназадување на механизмите за борба со криминалот и корупцијата, велат од Националната конвенција за Европска унија.
-
Македонија 03.07.2024 13:11
Мизрахи: Укинување на економските директори за укинување на дуализмот и лоцирање на одговорноста
Укинување на економските, односно организациските директори на клиниките, со цел укинување на дуализмот и лоцирање на одговорноста, како и пренасочување на средствата за подобрување на здравствените услуги и инфраструктурата и зголемување на транспарентноста и отчетноста – велат во ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 03.07.2024 13:11
Приватните превозници ќе возат до петок
Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје бараат финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила. До петок како предупредување ќе возат само до 10 часот изутрина, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму.
-
Македонија 03.07.2024 13:00
Судскиот совет да ги казнува оние кои сметаат дека се над законот
Евроамбасадорот Гир не е за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Тој порача да се дискутира за тоа прашање.









