16-годишно девојче синоќа беше извлечено од провалија во близина на манастирот „Свети Илија“ во Струмица. Девојчето било пренесено во струмичката болница, информираат од ЦУК.
Оттаму велат дека случајот го пријавила мајката на девојчето и дека нејзината ќерка има повреди на главата.










