Владата на Република Северна Македонија, на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државава и донесе соодветни препораки.
-
Македонија 10.06.2024 20:41
-
Македонија 10.06.2024 19:54
Средба Гаши - Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер. На средбата, биле поздравени долгогодишните и силни билатерални односи меѓу двете држави.
-
Македонија 10.06.2024 19:13
На граничните премини нема поголеми задржувања
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
-
Македонија 10.06.2024 18:58
Малолетник нападнат во Општина Аеродром
Вчера во 23.00 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 21:40 часот пред продажен објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од МВР.
-
Македонија 10.06.2024 17:55
Ден на македонскиот воздухопловен ВИНГ
Со воена свеченост, која денес се одржа во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, припадниците на воздухопловниот ВИНГ од составот на Командата за операции, го одбележаа 10 јуни – Денот на единицата.
Александра Спировска
-
Македонија 10.06.2024 17:13
Се урна потпорниот ѕид кај Детската клиника
Се урна потпорниот ѕид и дел од оградата на Државната детска клиника. Пријавата е поднесена од страна на граѓани до Центарот за управување со кризи. Но ова не е прв пат да биде пријавено, а дописи се испратени и до Министерството за здравство.
-
Македонија 10.06.2024 16:06
Претседателката Сиљановска Давкова ќе учествува на Конференција за обнова на Украина во Берлин
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на 11 и 12 јуни 2024 година, во Берлин, Сојузна Република Германија ќе учествува на Конференцијата за обнова на Украина.
-
Македонија 10.06.2024 15:05
Ограничен капацитет на Хирушки клиники, пациенти се препраќаат на „Св. Наум Охридски“ и „8-ми Септември“
Службата за заеднички работи треба да даде предлог за решавање на проблемот на клиниките со компресорите.
-
Македонија 10.06.2024 14:56
Во СДСМ продолжува внатрепартиската битка
„Бојкотот“ на дел од делегатите го одложи отчетниот конгрес на СДСМ по дебаклот на претседателските и парламентарните избори на 8-ми мај.
-
Македонија 10.06.2024 14:47
ЦГК: Гласањето на дијаспората чинело повеќе од испечатените ливчиња за сите гласачи
Државната изборна комисија за спроведување на последните претседателски и парламентарни избори, склучила 22 договори за јавни набавки вредни 3.4 милиони евра.










