Употребата на тутун кај нас е многу висока. Последните истражувања покажуваат дека процентуалната застапеност на население кое употребува тутун, нè става меѓу земјите во светот со најголеми стапки на граѓани – активни пушачи.
-
Македонија 31.05.2024 11:33
-
Македонија 31.05.2024 11:12
Назим Буши од денеска ја извршува функцијата министер за внатрешни работи
Од денеска со Министерството за внатрешни работи ќе раководи Назим Буши.
Досегашниот министер во техничката влада, Панче Тошковски официјално му ја предаде должноста на министерот за внатрешни работи Назим Буши, досегашниот заменик министер за внатрешни работи.
-
Македонија 31.05.2024 10:28
Викендов во Скопје ќе се прска против комарци
Во текот на викендов, во раните утрински часови во сабота и недела, ќе се врши авионско прскање на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.
-
Македонија 31.05.2024 10:13
Во Прага средба на Османи со Блинкен
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините на неформалниот НАТО состанок во Прага.
-
Македонија 31.05.2024 10:02
Моника Зајкова останува на чело на ЛДП, партијата ќе делува независно
Централниот одбор донесе одлука со која дава целосна поддршка на претседателката Моника Зајкова и раководството да ја води и застапува партијата во идните делувања и во јавноста.
-
Македонија 31.05.2024 09:30
Без струја делови од Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Чаир
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Чаир.
-
Македонија 31.05.2024 09:29
До 22-ри јуни тестирање на гасоводот Скопје - Гостивар
До 22-ри јуни ќе се врши пневматско испитување на цврстината и непропусноста на гасоводот Скопје - Гостивар, поради што ќе биде регулирано движењето во близина на оваа гасоводна делница.
-
Македонија 31.05.2024 09:24
Два пожара на отворено во Скопје, во Битола повторно пронајдени стари пушки
Пожарникарите во скопскиот регион изминатото деноноќие интервенирале на запалено ѓубре во општините Арачиново и Шуто Оризари.
-
Македонија 31.05.2024 09:20
20- годишно момче загина по удар од гром
20- годишно момче од село Коџалија, радовишко синоќа почина по удар од гром.
Околу 20 часот во ПС Радовиш било пријавено дека во 19:30 на ливада на место викано Водовод од гром починал Р.М. (20), а со повреди се здобил З.М. (23).
-
Македонија 31.05.2024 09:15
Изменет режим на сообраќај на автопатот А1, делница Петровец - Катланово
Од денеска воведена е времена измена на режимот на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово, заради извршување на градежни активности во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот, соопшти АМСМ.










