Поради дефект испадна од системот Блок 2 на РЕК Битола. Во моментов се работи на отстранување на причината за испадот, велат од ЕСМ.
Во тек се операции за пуштање во погон на еден од блоковите кои се резерва на работата на Блок 2.
Поради дефект испадна од системот Блок 2 на РЕК Битола. Во моментов се работи на отстранување на причината за испадот, велат од ЕСМ.
Во тек се операции за пуштање во погон на еден од блоковите кои се резерва на работата на Блок 2.
Половина од македонските граѓани се активни пушачи на цигари. Според статистиката на Институтот за јавно здравје, 50% од луѓето се најголеми консуматори на тутунот во споредба со жителите од југоисточна Европа, каде просекот на пушење е 22%.
Панче Тошковски, техничкиот министер за внатрешни работи, се повлече од функцијата имајќи предвид дека заврши неговиот мандат со објавување на конечните резултати од страна на ДИК.
На седница на која присуствувале сите 9 судии, на два пати изборот со тајно гласање бил неуспешен, оти ниту една од кандидатките Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева немала двотретинско мнозинство гласови.
Со секоја испушена цигара, се скратува животот за 12 минути. Ова го покажува статистиката направена од Светската здравствена организација. Пред 37 години, 31-ви мај почнал да се одбележува како Светски ден за борба против пушењето. Анализата на оваа тема ја има Борис Грујоски.
Уставните судии во нов обид да изберат претседател. Вчера ниту една од кандидатките не ги доби потребните гласови. Во трка беа Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева.
Стартува најмасовната спортска манифестација, од денес до недела се одржува Атлетскиот викенд „Охрид ТрчаТ“. На осмото издание учество ќе земат рекорден број, односно, 2.200 учесници од 31 држава.
Во првиот квартал годинава живородени се 3.632 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 0,7 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Во Уставниот суд продолжи седницата за избор на претседател на Судот. Вчера имаше четири неуспешни обиди за избор на претседател на Уставен суд, а според информациите, ниту еден од предложените кандидати не го добил потребното мнозинство.
Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица. Тројца од обвинетите се гонат за: