Директорот на Клиниката за кардиохирургија, д-р Марјан Шокаровски, е разрешен од функцијата. Министерот за здравство Илир Демири рече дека за разрешувањето на Шокаровски има две причини.
-
Македонија 27.05.2024 14:31
-
Македонија 27.05.2024 14:29
Сиљановска Давкова на средба со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Халман Марти
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Халман Марти.
-
Македонија 27.05.2024 14:26
Стоилковски: Одговорност ќе има за случувањата на Хирургија
Одговорност мора да има и ќе има и лична, и морална и политичка, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во врска со прес-конференцијата на министерот за здравство, Илир Демири, за случувањата со хируршките сали на Универзитетската Клиника „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Македонија 27.05.2024 14:07
Еден убиен и двајца повредени по синоќешната престрелка на „Пластичарска“ во Скопје
Еден мртов, двајца тешко повредени во престрелка на „Пластичарска“ улица. Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник кој уште доцна синоќа им подлегнал на повредите. Братот на Амар ја потврди информацијата на социјалните мрежи.
-
Македонија 27.05.2024 13:26
Водата во Куманово сè уште не е за пиење
Куманово по пет дена се надева оти ќе добие чиста вода. Се чекаат резултати од испитувањата, откако се утврди заматеност на водата во водоснабдувачкиот систем поради обилните врнежи во липковскиот регион. Елена Георгиевска известува од Куманово.
-
Македонија 27.05.2024 13:22
Министерот Демири за состојбите на Клинички
По една недела откако операциските сали на Клинички функционираат редуцирано поради непријатна миризба, министерот Демири свика прес. Наташа Јанчиќ - Менковски е пред Министерството за здравство.
-
Македонија 27.05.2024 13:12
Состанок на работните групи за новиот владин кабинет
Работни групи продолжуваат да го прецизираат владиниот кабинет. И за денеска најавени нови средби. Преговарачките страни имаат рок најдоцна до 20-ти јуни да го формираат владиниот состав. Дали се познати имиња и поделба на ресори, известува Викторија Милевска.
-
Македонија 27.05.2024 13:10
Мртов и повредени во престрелка на „Пластичарска“
Еден убиен и двајца повредени по пукање кое синоќа се случило на булеварот Никола Карев, попознат како „Пластичарска“ улица, во Скопје. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид. Известува Борис Грујоски.
-
Македонија 27.05.2024 12:59
До четврток нестабилно, викендот натпросечни температури
УХМР информира дека до четврток, претежно во попладневните часови, ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Овие денови локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
-
Македонија 27.05.2024 12:25
Автомобил падна во Крива река, загинаа возачот и сопатничката од Марино
Две лица загинаа вчера во сообраќајна несреќа. Според информациите од МВР, се работи за 75-годишниот Ж.Ј. и неговата сопатничка С.Ј. (76) – двајцата од селото Марино.
Нивниот автомобил, излетал од патот кај местото викано „Ракле“ и паднал во Крива река.









