Граѓаните побрзаа да го искористат сончевото време, бидејќи попладневните часови се како резервирани за дождовните облаци. Мај не бил ваков променлив, климата е променета во изминативе 10 години, вели седумдесет и деветгодишниот Симе Костадиновски.
-
Македонија 25.05.2024 16:01
-
Македонија 25.05.2024 15:49
Нов протест на производителите на домати од струмичко
Ако нема влада не значи дека треба да бидеме оставени на милост и немилост. Ова држава има институции. Вака реагираа струмичките производители на домати, кои втор ден протестираат незадоволни од почетната откупна цена на доматите.
-
Македонија 25.05.2024 15:25
Последици од климатските промени
Град со големина на тениско топче, намалено производство на храна, последици по човековото здравје, закана стапката на смртност да се зголеми за 10 проценти се дел од последиците од климатските промени. Климатските промени се сериозна закана за нашата земја.
-
Македонија 25.05.2024 15:04
При контрола во угостителски објекти во Скопје пронајдена дрога, приведени девет лица
Од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје постапено е по план на СВР Скопје, при што извршена е контрола во повеќе угостителски објекти. При тоа лишени од слобода се девет лица, кај кои била пронајдена дрога.
-
Македонија 25.05.2024 13:43
Се очекува рекордна туристичка сезона
Минатата година беше надмината рекордната посетеност на Охрид од 2019-тата, а охридскиот градоначалник Кирил Пецаков очекува 2024-тата да биде уште поуспешна. Оптимизмот го темели на оствареното во првите 4 месеци и најавите за шпицот на летната туристичка сезона.
-
Македонија 25.05.2024 12:43
Преговорите за нова Влада во напредна фаза
Преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“ се во напредна фаза, но сè уште не е постигнат конечен договор – потврди партискиот портпарол Столковски. Нема детали за кадровските решенија.
-
Македонија 25.05.2024 12:06
Последиците од сушата лани предизвикана од хаваријата на системот „Макарија“, се чувствуваат и годинава со намален род
Ниту годинава овоштарите од регионот на Росоман и Градско нема да имаат богат и добар род. Последиците од ланската суша, поради хаваријата на системот „Макарија“, која се случи кон крајот на мај лани, овошките и годинава нема да дадат род, предупредуваат земјоделците од регионот.
-
Македонија 25.05.2024 11:51
Потребно е враќање на дигнитетот на учителот
Неопходно е да ги вратиме авторитетот и дигнитетот на учителот. Тоа не е само прашање на институциите, туку и на поединецот, самокритично размислува прилепскиот учител до петто одделение Гоце Бумбароски. Многу зависи од самиот учител колкав авторитет ќе постигне.
-
Македонија 25.05.2024 11:33
МВР: Приведен криминалец баран со потерница
Синоќа во 20.35 часот полициски службеници од Полициското одделение Галате во гостиварски Сенокос го привеле Б.А.(45) од истото село, кој би баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од три години. Б.А. е спроведен во КПУ-Идризово во Скопје.
-
Македонија 25.05.2024 11:30
На граничните премини вкупно 12.394 граѓани се пријавиле за излез од Македонија
Во текот на завчерашниот и вчерашниот ден, огромен метеж беше забележан на граничните премини Табановце и Богородица. Според снимките од видеокамерата на Јавното претпријатие за државни патишта, забележливи беа колони возила кои чекаа да ја напуштат државата.










