Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, кој е избран и за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, на Конститутивната седница на новиот парламентарен состав, најави дека ќе ја извршува функцијата премиер до изборот на новата Влада, и до тогаш нема да
-
Македонија 28.05.2024 18:48
-
Македонија 28.05.2024 18:17
Африм Гаши избран за претседател на Законодавниот дом
Новиот пратенички состав на македонското Собрание изгласан со 101 глас за од 117 присутни пратеници. Со усвојувањето на извештајот на новата Верификациска комисија, престана и мандатот на пратениците од стариот состав. За претседател на Собранието е избран Африм Гаши, од коалицијата „Вреди“.
-
Македонија 28.05.2024 18:01
Петти состанок на Политички директори на учесниците на ПСЈИЕ во Скопје
Во Министерството за надворешни работи, вчера, петти пат по ред, политичките директори на учесниците на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), одржаа состанок, во присуство на претставници на Регионалниот совет за соработка (RCC) и на Европската Унија.
-
Македонија 28.05.2024 17:24
Претседателката Сиљановска-Давкова останува на ставот дека не го прекршила Преспанскиот договор
За написот на венецот што го положи пред спомен-плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, шефицата на државата Сиљановска-Давкова рече дека имало различни мислења во Кабинетот, но со оглед на просторот што го имало на лентата, на крај одлучиле да стои само нејзиното
-
Македонија 28.05.2024 16:26
Двојно зголемен бројот на итни случаи во Клиниката за хирургија „Св. Наум Охридски“
Затворените хируршки сали на Клинички двојно го зголемија бројот на итни случаи во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Во последните 10 дена извршени се 150 ургентни операции. Хируршките тимови се засилени, но проблем се болничките капацитети, кои се речиси целосно исполнети.
-
Македонија 28.05.2024 15:53
Бабовски реизбран за генерален секретар на WOAX за Европа
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, денес, во Париз, Франција реизбран е за Генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација за здравствена заштита на животните – WOAH за Европа, со мандат од 3 години.
-
Македонија 28.05.2024 15:17
Африм Гаши предложен за претседател на Собранието со 75 потписи од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ
Со потписи од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ претседателот на Алтернатива која е дел од Коалицијата „Вреди“ Африм Гаши е предложен за претседател на Собранието.
-
Македонија 28.05.2024 15:08
Водата во Куманово го задоволува квалитетот, се чека потврда и од АХВ
Водата во Куманово го задоволува квалитетот, покажале испитувањата на Центарот за јавно здравје-Куманово. Но, дека истата е безбедна да се пие, мора да потврди Агенцијата за храна и ветеринарство.
-
Македонија 28.05.2024 15:04
Партиите финишираат со преговорите за состав на новата Влада
Имплементација на програмските определби се прв приоритет на движењето ЗНАМ во разговорите за нивно членство во идната влада, вели партискиот лидер Максим Димитриевски. По најавите дека ним ќе им припаднат два ресора, Димитриевски вели дека конечен договор за поделба на власта сè уште нема.
-
Македонија 28.05.2024 14:42
Собранието ги верификува мандатите на 118 пратеник
Собранието во рамки на конститутивната седница со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни го усвои извештајот на Верификационата комисија и со тоа ги верифицира мандатите на 118 пратеници.










