Почна прегласувањето и на четирите избирачки места, по две во општините Долнени и Крушево во петтата изборна единица. Гласањето почна навреме и без проблеми, информираат од општинските изборни комисии.
-
Македонија 22.05.2024 08:15
-
Македонија 21.05.2024 22:15
Силно невреме го зафати кумановско-липковскиот регион
Силно невреме со пороен дожд и град го зафати кумановско липковскиот регион. Допрва ќе се прават проценки на предизвиканите штети во Општина Липково којашто повеќе од еден час била зафатена со град со големина на орев.
-
Македонија 21.05.2024 21:53
22-ра владина седница, донесени нови одлуки
Влада при носењето на заклучоците на денешната седница ги зеде предвид и одредбите на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, според коишто, надлежност да дава на трајно кор
-
Македонија 21.05.2024 21:21
Триесетдневен притвор за врховниот судија Георгиев
По два часа распит во Кривичниот суд врховниот судија Наке Георгиев е спроведен во 30 дневен притвор. Се товари за примање мито во висина од десет илјади евра. Беше фатен на дело со бележани пари.
-
Македонија 21.05.2024 20:59
Измамена 75-годишна жена од Кочани
Вчера во ОВР Кочани, 75 – годишна жена од Кочани пријавила дека била измамена од едно лице.
-
Македонија 21.05.2024 20:41
Мерка притвор во траење од 30 дена за Љупчо Палевски, доби адвокат по службена должност
Определена мерка притвор во траење од 30 дена за Љупчо Палевски Палчо. Беше спроведен во Кривичниот суд на распит пред судија на претходна постапка за да се произнесе по мерката притвор определна во негово отсуство. По час и половина беше вратен во истражниот затвор „Шуто Оризари“.
-
Македонија 21.05.2024 19:55
Врховниот судија Наќе Георгиев оди во притвор
Триесетдневен притвор му е одреден на врховниот судија Наќе Георгиев кој е осомничен за примање на поткуп. Пред судија на претходна постапка се бранел со молчење. Мерка претпазливост за второосомничениот, поранешен народен правобранител.
Известува Андријана Ѓурческа
-
Македонија 21.05.2024 19:42
Притвор од 30 дена за Љупчо Палевски
По едночасовен распит во Кривичниот суд, Љпчо Палевски е вратен во истражниот затвор во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка му одреди триесет дена притвор. Пред камерите Палевски рече дека не го извршил убиството и дека не бил во бегство.
Известува Ана Јосифоска Тодоровска
-
Македонија 21.05.2024 18:22
ДИК: Прегласувањето на болните, немоќните лица и во затворите се одвиваше без пријавени нерегуларности
Државната изборна комисија за денешното прегласување на болните и немоќни лица, лицата кои издржуваат казна затвор и лицата сместени во центрите за вонсемејна грижа а кои припаѓаат на избирачките места каде што се поништи гласањето за парламентарните избори спроведено н
-
Македонија 21.05.2024 17:25
Мерка притвор во траење од 30 дена за судијата Наќе Георгиев
Обвинителството води истражна постапка за врховен судија и член на Советот на јавни обвинители, поради сомнеж дека едниот примил поткуп, а другиот учествувал во делото.










