Се прегласува во седум избирачки места, по две во општините Крушево и Долнени и на по едно во Охрид, Струга и во општина Желино. Гласачките места навреме отворени, засега процесот тече без проблеми.
-
Македонија 22.05.2024 17:12
-
Македонија 22.05.2024 16:12
Гласањето во Ларце-општина Желино, се одвива мирно и без проблеми
На избирачкото место 2101 во село Ларце, општина Желино во шестата изборна единица се врши прегласување за парламентарните избори, откако Државната изборна комисија го поништи гласањето и по одлуката на Управен суд да ја отфрли жалбата од еден
-
Македонија 22.05.2024 15:38
ДИК: 34.87% излезеност до 15 часот
До 15 часот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места, гласале 1574 односно 34.87%.
Во ИМ 2101 во Желино гласале 428 гласачи односно 43.10%.
Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 197 гласачи односно 42%.
-
Македонија 22.05.2024 14:54
Куманово: Штети по невремето, но и градот без вода
Уништени покриви, земјоделски насади, автомобили. Поплавени подруми, одрони кон села, излеана Крива Река, е сликата по големото невреме коешто го зафати североистокот. Мештаните на липковско, кумановско и Старо Нагоричане, раскажуваат дека големината на град била како лешник и орев.
-
Македонија 22.05.2024 14:45
Потенцијал за филантропија има, половина од компаниите донираат редовно
Нашето општество има потенцијал за филантропија, истражувањата покажуваат дека половина од компаниите редовно донираат, а граѓаните сочувствуваат со другите и секогаш донираат со средства за лекување или пак за временски непогоди . Но, проблемот е што тоа не е постојано, туку само кога е итно.
-
Македонија 22.05.2024 14:28
Утре се очекува Мемети да биде повикан во Кривичниот суд
Се очекува утре членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети да биде повикан да даде исказ пред судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд. Осомничен е за примање награда за противзаконито влијание. За него Обвинителството побара мерки на претпазливост.
-
Македонија 22.05.2024 14:11
Протест во Пошта, вработените бараат исплата на априлската плата и итни реформи
Не знаеме кога ќе земеме плата бидејќи немаме доволно финансиски средства, а ни менаџерскиот тим нема одговор на ова прашање, велат од Синдикалната организација на Македонски пошти. Додаваат дека компанијата е доведена пред уништување, а опстанокот под знак прашање.
-
Македонија 22.05.2024 13:51
ДИК: 25,48% излезеност до 13 часот
До 13 чaсот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места, гласале 1150 односно 25.48% - информираат од Државната изборна комисија.
Во ИМ 2101 во Желино гласале 325 гласачи односно 32.73%.
Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 151 гласачи односно 32.20 %.
-
Македонија 22.05.2024 13:29
Гласањето во Охрид и Струга се одвива во демократска атмосфера
Прегласувањето за парламентарните избори во двете избирачки места во Охрид и Струга засега тече непречено, нема никакви забелешки, ниту се регистрирани технички проблеми.
-
Македонија 22.05.2024 13:25
Штети по невремето во Куманово, градот без вода
Невремето коешто го зафати североистокот уништи земјоделски површини, оштети автомобили, но предизвика и проблеми со водоснабдувањето во Куманово. Во најголемата општина во земјава во моментов заседава кризниот штаб. Од Куманово известува Елена Георгиевска.










