Се гласа и во затворот „Кшање“ во кумановско. Како тече гласањето, колкумина кои издржуваат казна затвор се пријавиле да го искористат гласачкото право?
Оттаму известува Елена Георгиевска.
Се гласа и во затворот „Кшање“ во кумановско. Како тече гласањето, колкумина кои издржуваат казна затвор се пријавиле да го искористат гласачкото право?
Оттаму известува Елена Георгиевска.
Во канцеларијата на Народниот правобранител утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг на претседателските избори и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.
Денеска еден ден пред изборите гласаат болните и изнемоштени лица чии пријави беа прифатени од општинските изборни комисии. Како се одвива гласањето во старскиот дом во Прилеп, известува Елизабета Митевска.
Од ноќеска на полноќ почна изборниот молк за парламентарните и за вториот круг од претседателските избори. Ќе заврши утре во 19 часот до затворањето на гласачките места.
Македонските државјани во Србија денес гласаaт на вториот круг од претседателските избори. 31 граѓанин, запишани во посебниот извод на избирачкиот список го остваруваат своето граѓанско право за избор на нов претседател на државата во македонската амбасада во Белград.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје.
Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
На 06.05.2024 во периодот од 22.45 до 23.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода четири малолетници од Скопје.
Триесет и двегодишна скопјанка е тешко повредена, а кај две лица се констатирани телесни повреди во стравотна сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на крстосница во скопската населба Влае.
Денеска еден ден пред изборите гласаат болните и изнемоштени лица чии пријави беа прифатени од општинските изборни комисии.