Штипјани го остваруваат своето гласачко право. Сите избирачки места, вкупно 80, се отворени во 7 часот. Право на глас имаат 41.379 граѓани . Гласањето се одвива во најдобар ред, без проблеми. За парламентарни избори до 9 часот, излезеноста е 6.15 проценти а за претседателските 6.17 проценти.
-
Македонија 08.05.2024 10:42
-
Македонија 08.05.2024 10:34
ЦУК: Во последното деноноќие регистирани 1. 951 повик
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.951 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 61,76%, а 38,24% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
-
Македонија 08.05.2024 10:32
Во Велес гласањето се одвива без проблеми
На територијата на Општина Велес има 84 избирачки места. Вкупниот број на гласачи за претседателските избори е 44.858 додека за парламентарните избори е 44.954. До 10 часот вкупниот број на гласачи е 5.557 или 6,29 проценти.
-
Македонија 08.05.2024 10:20
Македонија гласа на двојни избори
Државната изборна комисија го следи текот на гласањето за овие двојни избори и редовно ќе информира за евентуални пријавени нерегуларности. Од Државната изборна комисија на прес – конференција денеска изјавија дека до 9 часот од 1.009 избирачки места, гласале 22.797 лица, односно 4.17 отсто.
-
Македонија 08.05.2024 10:00
ДИК ја соопшти излезеноста на изборите до 9 часот
Од Државната изборна комисија на прес – конференција денеска изјавија дека до 9 часот од 1.009 избирачки места, гласале 22.797 лица, односно 4.17 отсто.
Најголема излезеност за претседателските има во Пробиштип над 8 отсто, а најмала во Боговиње 0.57 отсто.
-
Македонија 08.05.2024 09:56
Тошковски: Гарантираме еден фер и демократски изборен процес
Министерството за внатрешни работи постапува согласно надлежностите што ги има, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски по гласањето за изборите во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар. Од аспект на безбедносната состојба на денешниот ден е стабилена.
-
Македонија 08.05.2024 09:54
Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк
За време на предизборниот молк регистрирани се следниве настани, за кои се преземени и соодветни мерки од страна на полициски службеници.
-
Македонија 08.05.2024 09:45
Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација
Општинската изборна комисија Тетово информира дека во едно избирачко место од вкупно 117 не е почнато навремено гласањето во 7 часот поради нефункционалност на апаратот за идентификација.
-
Македонија 08.05.2024 09:25
Избирачките места утрово отворени, засега гласањето се одвива непречено
Македонија денеска гласа на двојни избори. На претседателските избори право на глас имаат 1.814.317, додека право на глас на парламентарните избори имаат 1.815.350 избирачи запишани во Избирачкиот список.
-
Македонија 08.05.2024 09:25
Во Битола гласањето тече мирно и достоинствено
Започна гласањето во Битола. Точно во 7 часот отворени се сите 170 гласачки места. Како тече изборниот процес во Битола, известува Стевче Митрески.










