Oд ноќеска на полноќ почна изборниот молк за парламентарните и за вториот круг од претседателските избори. Ќе заврши утре во 19 часот до затворањето на гласачките места. На претседателските избори 2024 година граѓаните во вториот круг ќе можат да меѓу двајца кандидати.
-
Македонија 07.05.2024 08:18
-
Македонија 06.05.2024 19:11
Мостот „Беласица“ целосно пуштен во употреба
По речиси една година, мостот „Беласица“ целосно е пуштен за сообраќај и за товарни возила но, цевките на ЕСМ од топловодот не се ставени и сè уште стојат во тревникот на кејот под мостот.
-
Македонија 06.05.2024 16:54
Завршува пролетниот распуст за учениците
Од 29-ти април до 5-ти мај официјално траеше пролетниот распуст, кој по препорака на Министерството за образование и одлуката на Владата првпат е воведен оваа година. Според психолозите, овој кус може да очекуваме да донесе позитивни ефекти кај учениците од основните и од средните училишта.
-
Македонија 06.05.2024 16:34
Последен ден од изборната кампања
На полноќ финишира изборната кампања. Партиите имаа уште неколку часа да ги убедат граѓаните да гласаат за нивната опција. Во изминатите 40 дена се изнаслушавме проекти и ветувања. Кој планира да ги зголеми платите и пензиите, да го смени Уставот, кој е за, а кој против ЕУ.
-
Македонија 06.05.2024 14:47
Велигденски детски игри без граници во Штип
Со избор на најоригинална велигденска декорација, со музички настап и забава атрактивна за најмалите во Штип се одржаа велигденските игри без граници во организација на ЗОО Паркот и детските градинки.
Целта е на децата да им се приближи традицијата на забавен и креативен начин
-
Македонија 06.05.2024 14:02
Партиска реторика на двојните избори
Денеска е последен ден од политичката кампања за претседателските и за парламентарните избори. Претендентите за претседателското столче, но и оние кои се борат да влезат во Собранието ги испраќаат последните пораки до гласачите. -
Македонија 06.05.2024 13:19
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.05.2024 (вторник), поради одржување на настан за одбележување „7 Мај – Ден на полиција“, во периодот од 08.00 до 18.00 часот за сообраќај ќе биде затворен бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со бул.
-
Македонија 06.05.2024 12:57
Денеска завршува пролетниот распуст за учениците
Денеска завршува пролетниот распуст за учениците од основно и од средно образование. Оваа година за прв пат владата донесе одлука учениците да одмараат од 29-ти април до 5-ти мај, со што заради верскиот празник Велигден, на училиште ќе тргнат од утре, 7-ми мај.
-
Македонија 06.05.2024 12:34
„Св.Ѓорѓи“- храм од 14-ти век, привлечен за туристите
Сместен сред село во Старо Нагоричане. На некои 20-ина минути од Куманово. Средновековниот храм „Свети Ѓорѓи“ се смета за непроценливо културно и духовно наследство. Градбата од 14-от век, се издвојува по базиликалната градба, фрескоживописот, камбанаријата.
-
Македонија 06.05.2024 11:57
ЦУК: 1.588 повици во изминатото деноноќие
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.588 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 54,85%, а 45,15% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.










