Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 27.04.2024 09:51
-
Македонија 27.04.2024 09:35
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19-ти до 25-ти април, што е намалување од 41,3 проценти, споредено со претходниот седмодневен период.
Од новозаболените, четири лица се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
-
Македонија 27.04.2024 09:27
Непречено се одвива сообраќајот на државните патишта
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 27.04.2024 09:02
Во ДИК пристигнал еден приговор за постапката за гласање
Во Државната изборна комисија е пристигнат еден приговор за постапката за гласање. ДИК треба да донесе одлука во рок од 72 часа.
Доколку не се задоволни од одлуката, кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак, треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.
-
Македонија 27.04.2024 08:49
Свечена промоција на нови полициски службеници во Центарот за обука на МВР во Идризово
Свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година, ќе се одржи денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово, со почеток во 11:00 часот.
-
Македонија 27.04.2024 08:43
Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје
Под мотото „Заштитуваме генерации“, со детските ликови „Биби и Боби“ и детска балетска претстава, денеска во Градскиот парк во Скопје, на отворената сцена „Школка“, ќе биде одбележана Европската недела на имунизација.
-
Македонија 27.04.2024 08:39
Делови од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска (сабота), без електрична енергија ќе останат објектите на Основното училиште – Владо Тасевски, градинката – Прол
-
Македонија 27.04.2024 08:35
1.764 повици на бројот за итни случаи 112 во последното деноноќие
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.764 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 52,44%, а 47,56% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
-
Македонија 27.04.2024 08:31
Претпладне сончево, од пладне можност за краткотраен пороен дожд
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
-
Македонија 26.04.2024 19:36
Тешка сообраќајна несреќа во Чаир
Улицата „Џон Кенеди“ во Чаир е блокирана за сообраќај, поради тешка сообраќајна несреќа.
Три возила, меѓу кои е и полициско возило се судрија на раскрсницата меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“.










