Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Петровец, Ѓорче Петров и Сарај, соопшти РЦУК – Скопје.
-
Македонија 26.04.2024 10:03
-
Македонија 26.04.2024 09:43
Институтот за јавно здравје ќе одбележи 100 години постоење
Институтот за јавно здравје денеска свечено ќе одбележи 100 години постоење.
-
Македонија 26.04.2024 09:39
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни, информираат од ЦУК.
-
Македонија 26.04.2024 09:39
Рокот за приговори за постапката за гласање е до 19 часот, до полноќ за сумирање на резултатите
До денеска до 19 часот истекува рокот за поднесување на приговори за постапката на гласање, а до полноќ рокот за приговори што се однесуваат на сумирањето на резултатите по што ДИК треба да донесе одлука во рок од 72 часа.
-
Македонија 26.04.2024 09:35
На годишнината на армијата на Северна Кореја, тестиран повеќекратен ракетен фрлач
Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, набљудуваше ново артилериско тестирање. На денот што се одбележува како годишнина од армијата во социјалистичката држава, тестиран повеќекратен ракетен фрлач.
-
Македонија 26.04.2024 09:33
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 26.04.2024 08:47
Рамиз Мерко седнува на обвинителна клупа
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко седнува на обвинителна клупа. Одговара за злоупотреба на службена положба и овластување при набавката на службеното луксузно возило „ауди а6“ од речиси 67 илјади евра.
-
Македонија 26.04.2024 08:31
Сончево со мала до умерена облачност
Утрото претежно ведро и наместа постудено. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
-
Македонија 25.04.2024 21:25
Течат роковите за приговори кои коалициите и партиите може да ги поднесат до ДИК
Безмалку 50 проценти од вкупно запишаните 1.814.317 го искористиле своето гласачко право на првиот круг од претседателските избори.
-
Македонија 25.04.2024 20:09
ДИК со први официјални резултати
Вториот круг од претседателските избори ќе биде одлучувачки кој ќе седне во Вила Водно. Според резултатите на ДИК на 8-ми мај силите ќе ги одмерат Силјановска-Давкова и Пендаровски. Државната изборна комисија пред малку одржа конференција каде ги соопшти официјалните резултати.










