Безмалку 50 проценти од вкупно запишаните 1.814.317 го искористиле своето гласачко право на првиот круг од претседателските избори.
-
Македонија 25.04.2024 21:25
-
Македонија 25.04.2024 20:09
ДИК со први официјални резултати
Вториот круг од претседателските избори ќе биде одлучувачки кој ќе седне во Вила Водно. Според резултатите на ДИК на 8-ми мај силите ќе ги одмерат Силјановска-Давкова и Пендаровски. Државната изборна комисија пред малку одржа конференција каде ги соопшти официјалните резултати.
-
Македонија 25.04.2024 18:42
ДИК: Подносителите на листите имаат право на приговор во рок од 48 часа
Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски со најнови податоци за првиот круг од претседателските избори.
Даштевски ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите по вчерашното гласање во првиот круг на претседателските избори. Излезноста била 49,93%.
-
Македонија 25.04.2024 16:52
Конкурентни избори што се одржаа во мирна и демократска атмосфера – оценка на ОБСЕ/ОДИХР
Конкурентни избори што се одржаа во мирна и демократска атмосфера со присутна негативна реторика, што ја зголеми политичката фрагментација и етничката поделба, е оценката на набљудувачите од ОДИХР за првиот круг од претседателските избори.
-
Македонија 25.04.2024 16:38
СДСМ: Резултатите не се какви што очекувавме, но нема откажување
Ден по првиот круг од изборите за претседател, кандидатот на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски најави кампања од почеток. Не се надевал на ваков резултат, очекувал разликата во освоените гласови да биде помала.
-
Македонија 25.04.2024 16:21
Узурпиран имот на МРТ во Штип
Објект во сопственост на МРТ во центарот на Штип со години е узурпиран, од неодамна целосно е заѕидан и на површината пред објектот на градскиот плоштад, направена е доградба без одобрение од Општина Штип. Денес почна рушењето на доградбата по одлука на надлежниот градежен инспекторат.
-
Македонија 25.04.2024 15:41
Јакимовски го призна поразот
Стевчо Јакимовски-претседателскиот кандидат на коалицијата Храбро за Македонија го призна поразот на првиот круг претседателски избори. Според Државната изборна комисија тој освои најмал број гласови односно под 1 процент од гласачите довербата му ја дале на Јакимовски.
-
Македонија 25.04.2024 14:58
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работни посети на Полициската станица Центар и Полициската станица Бит Пазар кои функционираат во рамките на Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар каде одржа состаноци со раководството.
-
Македонија 25.04.2024 14:31
Левица: Нашето прво учество на претседателските избори го изработивме машки
Опозициското настроение во државата е евидентно. Нашето прво учество на претседателските избори го изработивме машки, потписите ги собравме за рекордно време. Понудивме сосема различна стратегија.
-
Македонија 25.04.2024 14:15
Почина Велибор Џаровски-Џаро
По кусо боледување, на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.









